Почина турскиот калиграф Хасан Челеби

February 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул на 88-годишна возраст почина калиграфот Хасан Челеби, кој важеше за „шеф на калиграфите“, свој белег остави во многу џамии низ светот, известува Анадолу.

Смртта на Челеби, кој неодамна ги испиша калиграфиите на Големата џамија Чамлиџа во Истанбул и џамијата Шри Сендајан во Малезија, ја објави поранешниот министер за здравство на Туркије, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалните мрежи.

„Почина нашиот мајстор Хасан Челеби. Секое негово дело беше сосема негов нов подарок на нашата цивилизација за нас. Уметноста на калиграфијата, која опстојува со генерации без да ги смени своите оригинални карактеристики, го зајакна својот континуитет со него. Тој беше добитник на наградата ‘Неџип Фазил’ и Големата награда за култура и уметност на претседателот. Господ да го помилува и да му даде рај. Тој има вечно место во нашите срца.“

Министерството за култура и туризам на својот профил на социјалната мрежа X го наведе следново:

„Длабоко сме погодени поради загубата на Хасан Челеби, кој остави свој белег со калиграфијата што ја изработи на џамиите низ светот и се сметаше за ‘шеф на калиграфите’. Челеби, кој оставил свој белег на многу дела, од џамијата Султанахмет до Големата џамија Чамлиџа и џамијата Шри Сендајан во Малезија, ја пренесе својата уметност од колено на колено преку учениците што ги обучуваше. На нашиот драг уметник кого го прогласивме за живо човечко богатство во 2010 година и кому му беше доделена Претседателската награда за култура и уметност во 2011 година, а неодамна му беше врачена и наградата ‘Неџип Фазил’, му посакуваме божја милост, а на неговото семејство и на уметничката заедница и изразуваме сочувство.“

Претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, за почитуваниот калиграф го објави следново:

„Почина главниот калиграф Хасан Челеби. Својот живот го посвети на убавото пишување на Куранот. Убавините на нашата цивилизација и духовност беа дел од неговата елеганција и личност. Бог да му даде место на рајот.“

Хасан Челеби е роден во 1937 година во селото Инчи во местото Олту, во турската областа Ерзурум. Големиот мајстор на калиграфијата почнал да се занимава со калиграфија на 24-годишна возраст и за да се усоврши земал часови од најпознатите мајстори од тој период.

Откако го проучувал и добил овластување за неколку типа калиграфија од калиграфите Хамид Ајтач и Кемал Батанај, мајсторството на Хасан Челеби со натписите во џамии, приватни колекции на калиграфија и изложби, ги надмина границите на Туркије.

Хасан Челеби, со речиси 100 сертифицирани студенти во различни делови на светот, стана калиграф што обучи најмногу студенти по Хамид Ајтач.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал ќе му понуди нов договор на Модриќ

Следно

Минатата година рекордна за туризмот во Грција – земјата ја посетиле речиси 36 милиони туристи

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop