ПОЧИНА СЛИКАРОТ И РЕЖИСЕР КОЛЕ МАНЕВ

January 22, 2025
1 min read

Почина сликарот Коле Манев, еден од најеминентните македонски ликовни уметници, објави неговото семејство. Имаше 83 години.

Манев е роден на 11 ноември 1941 во Бапчор, Егејска Македонија. Манев спаѓа меѓу најреномираните сликари, но тој е и филмски и телевизиски творец. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. По студирањето на Ликовната академија во Белград (1960) заминал на студиски престој во Париз. Потоа престојувал во Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела ги изложувал на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство. Манев е сценарист и режисер на долгометражниот документарец „Тулгеш“ (1977), краткиот документарец „Црно во црно“ (1984), телевизискиот филм „Мост“ (2006).

Добитник е на голем број државни и меѓународни награди и признанија за сликарство и филм, меѓу која е и наградата во 2006 од француското Министерство за култура која му ја доделува наградата „Почесен витез на уметноста и творештвото“. Во 2023 го доби  признанието за животно дело во стрипот „Љупчо Филипов“.

Има реализирано околу триесетина изложби и учесник е на многубројни групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот.

„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Коле Манев, истакнат македонски уметник и симбол на културната размена помеѓу Северна Македонија и Франција. Културните врски на Манев со Франција беа особено интензивни, а во неговите изложби тој го поврзуваше македонското културно наследство и француската естетика. Изразуваме искрено сочувство до семејството, блиските и до сите оние на кои им беше блиска неговата креативност и човечност. Уметничкото наследство на Манев ќе остане извор на инспирација за идните генерации, а името ќе му остане засекогаш врежано во историјата на културните односи меѓу двете земји“, објави Францускиот институт во Скопје на својата фејсбук страна.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Коле Манев, сликарот кој ја носеше и сликаше болката на Егејците

Следно

Министерката Божиновска и амбасадорката Агелер: Силно партнерство со САД – Разговори за енергетска иднина

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop