Почина познатиот гинеколог проф. д-р Јован Јуруковски

February 14, 2025
1 min read

Денес се збогуваме со проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, чие влијание во медицината и образованието ќе остане запаметено.

Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што служеше како продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во Македонија. Проф. д-р Јуруковски беше автор на многу статии од неговата област, како на домашно така и на интернационално ниво, вклучувајќи и истражувања објавени во Оксфорд, Англија, каде што го поминал дел од своето школување и добил понуда за професорска позиција.

Покрај неговата академска и клиничка кариера, проф. д-р Јуруковски беше основач на ПЗУ Јуруковски, приватна здравствена установа која нуди висококвалитетни гинеколошки и акушерски услуги. Неговата посветеност на медицината и образованието го постави како еден од водечките стручњаци во оваа област.

Но, покрај тоа што беше извонреден лекар и професор, тој беше и исклучителен човек – верен пријател, посветен сопруг, грижлив татко и дедо. Со својата добрина, скромност и топлина, остави неизбришливи спомени кај сите што имаа чест да го познаваат.

Останува споменот за еден човек кој несебично го посвети својот живот на медицината и на благосостојбата на другите. Нека почива во мир.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Асоцијацијата на професори по Етика во религиите бара враќање на статусот на предметот и нивно трајно вработување

Следно

Турскиот министер Фидан разговараше со американскиот државен секретар Рубио за Сирија, Газа и Украина

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop