ПОЧИНА ПОЕТОТ ЧАРЛС СИМИЌ, ДОБИТНИК НА ПУЛИЦЕРОВА НАГРАДА И НА ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СВП

January 10, 2023
1 min read

Почина Чарлс Симиќ (85 години), американски поет со српско потекло, есеист и преведувач, добитник на Пулицеровата награда и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017.

Симиќ е роден во 1938 во Белград, а во САД емигрирал во 1953 година. Важеше за еден од водечките поети во светот. Неговата поезија, како што рекоа тогаш од СВП, е страсно и луцидно сведоштво на новото време. Содржи моќни асоцијации за новиот глобален план на песимизмот, за политичката неодговорност, за исчезнувањето на убавото во човекот.

Како преведувач, Симиќ е особено значаен зашто на англиски превел поголем број јужнословенски поети како Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Славко Михалиќ, Томаж Шаламун, а од Македонија го превел Славко Јаневски.

Поезијата на овој професор по книжевност на Универзитетот во Њу Хемпшир,  се оценува како интригантна, шокирачка, медитативна, но и полна со ироничен хумор. Неговото творештво се одликува со оригиналност и со тоа што е лишено од какви било украси, и секогаш читателот го чека последниот стих, во кој авторот поентира, го прави пресвртот и ја „онеобичува“ стварноста.

Чести теми во опусот од дваесеттина поетски книги кај Симиќ се смртта и војната, историјата и индивидуализмот видени на различен начин низ неговите фази. Отпрвин тој пишува од набљудувачка позиција, а потоа градира во политичко агресивна поезија. Последниве години поезијата на Симиќ наликува на медитативни монолози и филозофски расправи.

Тој е добитник и на наградата „Едгар Алан По“, на Грифиновата награда, „Валас Стивенс“, потоа на Американската акдемија и многу други најврвни светски награди за книжевност.

Симиќ во Струга бил во 1972 година, а во Скопје во 1982 година, па пред доаѓањето во 2017 рече дека со нетрпение очекува да ги види старите и да запознае нови пријатели, и кажа: „Листата на вашите поранешни добитници е толку знаменита, што јас не сум чул за друга поетска награда каде било во светот што може да се мери со неа“.

Од 1999 напишал 175 есеи и песни за „Њујорк ривју“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Доаѓа крајот на ерата на Симеоне во Атлетико Мадрид – Чоло заминува

Следно

Д-р Беќаровски со совет: Против загадувањето подобро ставете нова хируршка маска од 2 денари, отколку…

Latest from Blog

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински

Туфегџиќ во Аргумент плус: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка
Go toTop