ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ШПАНСКИ РЕЖИСЕР КАРЛОС САУРА

February 10, 2023
2 mins read

Ветеранот шпански режисер Карлос Саура, режисер на наградувани филмови како „Пеперминт фрапе“, „Ај Кармела“ и „Танго“, почина на 91 година, еден ден пред да ја добие наградата Гоја за животно дело, шпанската верзија на Оскарите. Саура го предводеше будењето на шпанскиот уметнички филм по децении фашистичка диктатура под Франциско Франко и ја плени меѓународната публика со страсни фламенко кореографски драми.

Шпанската Академија за кинематографски уметности и науки, телото кое ги доделува наградите Гоја, ја потврди неговата смрт на социјалните мрежи, велејќи: „Саура, еден од клучните автори во историјата на шпанската кинематографија, почина дома денес на 91 година, опкружен со своите најблиски. Неговиот последен филм, ‘Ѕидовите ќе зборуваат’, излезе минатата недела и ја покажа неговата неуморна активност и љубовта кон неговата работа до последниот момент“.

Антонио Бандерас, кој игра во два од филмовите на Саура, трилерот за одмазда од 1993 „Бес“ и драмата за опсесивна љубов „Лос Занкос“ од 1984, на социјалните мрежи рече: „Со Карлос Саура умира неверојатно важен дел од историјата на шпанската кинематографија. Зад себе остава опус што е незаменлив кога станува збор за длабокоумно размислување за тоа како се однесуваат луѓето. Почивај во мир, пријателе”. Шпанскиот премиер Педро Санчез додаде: „Неговиот талент е, и секогаш ќе биде, културно наследство на нашата историја благодарение на незаборавните филмови како што е ‘Ај Кармела“ и ‘Братучетката Ангелика’. Се збогуваме со режисерот на имагинацијата, но неговото дело ќе остане со нас“.

Роден во Хуеска во североисточна Шпанија во 1932, детството на Саура беше уништено од шпанската граѓанска војна која започна четири години подоцна. Неговиот татко бил даночен службеник за републиканската влада, а семејството постојано било принудено да се сели додека напредувале франкоистичките сили. Граѓанската војна неизбежно остави свој белег на неговата работа: неговиот филм „Лов“ од 1966, кој ја освои неговата прва голема награда на филмскиот фестивал во Берлин, беше за група поранешни франкоистички војници кои на крајот се расправаат, а потоа убиваат меѓусебно при лов на зајаци. „Братучетката Ангелика“ во 1974 беше пречекан со протести од десничарите оти главниот лик ги преживуваше искуствата од времето на граѓанската војна, а киното во Барселона каде што се прикажуваше беше бомбардирано со молотови коктели. „Кренете се гаврани“ беше снимен во 1975 додека Франко сè уште беше жив, но излезе во 1976 по неговата смрт и беше симболичното прикажување на животот под диктатура.

Во „Кренете се гаврани“ играше и американската актера Џералдина Чаплин (инаку најпозната по нејзината работа со Роберт Алтман). Парот се запознал кога Саура ја одбра за трилерот „Пеперминт фрапе“ од 1967 и снимија девет филмови заедно, меѓу кои и „Мама наполни 100 години“ номиниран за Оскар, а останаа во љубовна врска до 1979. Во 1980-тите опадна интересот за политички теми и Саура се сврте кон славењето на фламенкото; неговата адаптација од 1981 на „Крвавата свадба“ на Лорка во која игра прославениот фламенко танчер Антонио Гадес, беше прв во трилогијата, па следеше „Кармен“ со Гадес заедно со Лаура дел Сол и гитаристот Пако де Лусија во 1983 за кој Саура доби втора номинација за Оскар, и „Љубовен маѓепсник“ во 1986 повторно со Гадес. За „Танго“ во 1998 ја доби третата номинација за Оскар.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гвардиола кандидат за бразилски селектор

Следно

Илјадници понуди за посвојување на бебето што се роди под урнатините во Сирија

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop