Почина француската поп икона Франсоаз Арди

June 12, 2024
2 mins read

Франсоаз Мадел Арди, француската кантавторка чиј меланхоличен глас, сензуална убавина и чувство за стил ја направија меѓународна сензација во нејзините тинејџерски години, одушевувајќи ги модните дизајнери и познатите музичари како Боб Дилан и Дејвид Боуви, почина на 80-годишна возраст.

Веста за смртта на поп-иконата ја објави нејзиниот син, пејачот и гитарист Тома ДуТронк, на Instagram во средата. Таа боледувала од рак, кој ѝ бил дијагностициран во 2004 година.

Позната по нејзините меланхолични балади, таа го симболизира француското поп движење Yé-yé, таканаречено по нејзината наклонетост кон англиската музика.

Меѓу нејзините најпознати песни се „Tous les garçons et les filles“, „Comment te dire adieu“ и „Mon amie la rose“. Нејзиниот најголем британски хит беше „All Over The World“, англиска верзија на нејзината песна „Dans le monde entier“, која достигна 16-то место на топ листите во јуни 1965 година.

Арди е родена во Париз под нацистичката окупација во 1944 година, а ја израснала нејзината мајка. Како и многу девојки во тоа време, растела слушајќи ги Елвис Присли, Клиф Ричард и други американски и британски ѕвезди на Радио Луксембург, а на само 17 години го потпишала својот прв договор за снимање.

Го оствари својот музички пробив во 1962 година со едноставната тажна песна „Tous les garçons et les filles“, кога пееше за сите момчиња и девојчиња кои одат рака под рака, додека таа „одеше сама по улиците“. Беше инстант-хит во Франција и се најде на топ листите во Велика Британија.

Нејзиниот стил ги освои модните дизајнери, станувајќи модел за Ив Сен Лоран и Пако Рабан, кои за неа дизајнираа мини фустан од минјатурни златни плочки.

Фронтменот на британските рокенрол икони Rolling Stones, Мик Џегер еднаш ја нарече „идеална жена“, додека легендарниот Боб Дилан ѝ напиша неколку љубовни писма и ѝ посвети песна на задната страна на неговиот албум „Ather Side of Bob Dylan“ од 1964 година.

Дејвид Боуви, пак, изјави дека е „многу страсно вљубен од далечина“ во неа, додека култниот кантавтор Ник Дрејк, кој почина прерано, извесно време се пресели во Париз поради неа.

Во текот на нејзината кариера, таа соработуваше со голем број уметници, меѓу кои Блур и Иги Поп.

Арди беше и актерка – појавувајќи се во филмови на режисери како Жан-Лук Годар, Роже Вадим и Џон Франкенхајмер.

Се занимаваше и со пишување фикција и публицистика. Меѓу темите за кои пишуваше била и астрологијата, за која развила љубов во текот на 1970-те.

Еднаш беше во брак, со пејачот Жак ДуТронк, со кој го доби синот Тома. Тие се разведоа на крајот на осумдесеттите, но таа често го нарекуваше својот поранешен сопруг љубовта на нејзиниот живот.

Нејзината кариера траеше повеќе од пет децении, во текот на кои објави речиси 30 албуми. Нејзиниот последен албум, „Personne D’Autre“, беше објавен во 2018 година.

Американскиот музички магазин The Rolling Stone ја смести на 162 место на својата листа на 200 најдобри пејачки на сите времиња објавена во 2023 година.

Меѓу оние кои ѝ оддадоа почит по веста за нејзината смрт беше и француската министерка за култура Рашида Дати, која на социјалните мрежи напиша: „Како да се збогуваме со неа? Вечната Франсоаз Арди, легенда на француската песна, која преку нејзината чувствителност и мелодии влезе во срцето на целата земја“.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД и Франција: Македонија да се придржува до меѓународните обврски

Следно

Шкотите не ѝ се плашат на Германија

Latest from Blog

Со „Лице в лице“ честитките го помагате зајакнувањето на ранливите сораѓани и заедници

Со повикот „во Новата 2025 година бидете дел од заедницата што множи добрина и дели радост. Изберете празнични честитки, со срце и свест!“, платформата за одржлив развој „Лице в лице“ продолжува да

Јаневска: Нема повеќе да дискутираме за ученикот

Ве молам дајте ни неколку денови, работиме тимски министерството за образование, за здравство и за социјала за да најдеме најсоодветно решение. Предвидуваме подлабоки и посериозни постапки кои ќе бидат во корист на

Магла до 50 метри на Буково и Пресека

Магла до 50 метри има на планинските премини Буково и Пресека поради што видливоста е намалена, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

Филипче не се откажува од Заев, ниту од хибридниот режим во кој беше претворена државата со него. Според „Економист”, Македонија беше окарактеризирана како хибриден режим и тоа според индексот на „Економист” токму

Бериша бара техничка влада пред изборите, за социјалистите неоснована политичка желба

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека опозицијата инсистира на формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори, додавајќи дека „во 2025 година е наш ред да победиме“. Бериша во телевизиско
Go toTop