ПОЧИНА ЏОН САЈКС, ПОРАНЕШНИОТ ГИТАРИСТ НА „ВАЈТСНЕЈК“ И „ТИН ЛИЗИ“

January 21, 2025
1 min read

Британскиот рок гитарист Џон Сајкс, кој свиреше со групите „Вајтснејк“ и „Тин Лизи“, почина на 65 години. Во соопштението на неговата веб-страница се вели дека Сајкс „починал по тешка битка со ракот“.

Сајкс се појави на два албума на „Вајтснејк“ и е коавтор на некои од најпознатите песни на бендот, меѓу кои и „Тивка ноќ“ (Still Of The Night) и „Дали е ова љубов“ (Is This Love). Ја започна кариерата во 1980 година со хеви метал бендот „Тајгерс оф Пан Танг“, со кои сними два албума пред да се приклучи на „Тин Лизи“ во 1982. Во 1984, Сајкс му се приклучи на бендот „Вајтснејк“  на покана на основачот и фронтмен Дејвид Ковердејл.

По напуштањето на  бендот, тој објави два албума со својата група „Блу мурдер“. Оддавајќи му почит на Икс, Ковердејл сподели голем број фотографии од него и Сајкс заедно во најславните денови на „Вајтснејк“.

„Само што ја слушнав шокантната вест за смртта на Џон. Моето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и обожавателите“, напиша Ковердејл. Гитаристот на „Ганс Ен Роузис“ Слеш сподели слика од настапот со Сајкс и напиша само РИП.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски на инаугурација на Трамп: Единствен лидер од Балканот кој присуствува, ја следеше од ВИП ложа, бројни средби и промоција на МАКЕДОНИЈА

Следно

Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија

Latest from Blog

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека

Македонската берза ги додели годишните награди

На свечена церемонија во Скопје вечерва беа доделени Годишните награди на Македонската берза за 2025 година. Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст
Go toTop