ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АРЕНБИ ПЕЈАЧКА РОБЕРТА ФЛЕК

February 24, 2025
1 min read

Легендарната американска аренби и поп пејачка Роберта Флек, која се прослави со песните „The First Time Ever I Saw Your Face“ и „Killing Me Softly With His Song“, почина на 88 години, објави нејзиното семејство.

Родена во музичко семејство, Флек се сметала за музичко чудо од дете откако на 15 години била примена на Универзитетот Харвард со полна школарина. По дипломирањето почнала да настапува во ноќни клубови, пред да потпише за „Атлантик рекордс“ во 1968. Следната година го објавила првиот албум, кој поминал незабележано.

Класично образованата пејачка и пијанистка направила голем пробив откако Клинт Иствуд ја вклучил нејзината верзија на песната „The First Time Ever I Saw Your Face“ во неговиот дебитантски филм „Play Misty for Me“ од 1971. Песната станала хит број еден во САД, а две години подоцна Флек го повторила овој успех со „Killing Me Softly“. За двете песни беше наградена со Греми за најдобра снимка.

Вкупно, Флек имаше шест топ-10 поп хита и десет аренби песни меѓу најдобрите десет, некои од нив снимени заедно со пејачот Дени Хатавеј.

Иако нејзините хитови секнаа на крајот на 1970-тите, Флек продолжи да снима албуми, од кои последниот излезе во 2012. Флек имаше 13 номинации за Греми, а последен пат беше наградена во 1995.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славјанка Петровска: Како демократски општества не смееме да ја оставиме Украина сама

Следно

„25 инфраструктурни во 2025-та во Чаир“ – Ганиу: Не е предизборна кампања, ги добивме средствата

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop