Почина амбасадорот Александар Сашо Тавчиовски

July 29, 2025
1 min read

Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот почитуван колега и пријател, амбасадорот Александар Сашо Тавчиовски, информираат од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

-Амбасадорот Тавчиовски ќе го паметиме како еден од основоположниците на Советот на амбасадори — дипломатско здружение кое е препознаено по своите силни заложби за промоција на позитивни идеи и иницијативи на македонската дипломатска сцена и во надворешната политика на земјата. Со неговата визија и искуство, тој остави длабока трага во институционалниот развој на Советот, за што вечно ќе му бидеме благодарни. Сашо останува во сеќавањето и на генерации професионални дипломати како колега со висок личен интегритет и човек со силна верба во вредностите на меѓународната соработка. Ќе биде запаметен по неговиот придонес во годините на голем ентузијазам и надеж во Министерството за надворешни работи, кога Македонија се бореше за своето суверено место на меѓународната сцена, како и по неговата дипломатска мисија во ОБСЕ, каде што со достоинство и одговорност ја претставуваше нашата држава, велат од Советот.

„За нас, неговите колеги од Советот на амбасадори, Сашо ќе остане во ризницата на најдобрите спомени – како пријател, соработник и сопатник во афирмацијата на младата македонска дипломатија“, се наведува во соопштението.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката со несоодветно образование како наставник по математика

Следно

СДСМ: Тошковски турка скандалозен закон за партиска полиција, пратениците на ДПМНЕ да не гласаат, Хелсиншки комитет, ЕУ, НВО да регираат

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop