ПОЧИНА АКТЕРОТ ДОНАЛД САТЕРЛЕНД

June 20, 2024
1 min read

Почина славниот холивудски актер Доналд Сатерленд, објави на Икс неговиот син, глумецот Кифер Сатерленд. Актерот роден во Канада, почина на 88 години после долго боледување во неговиот дом во Мајами.

Во кариерата долга повеќе од половина век, Сатерленд, кој е добитник на Еми и Златен глобус,  глумеше негативци, антихерои, романтични главни ликови, а меѓу последните изминатите години е и споредната улога како злобниот претседател Сноу во франшизата „Игрите на гладните“.

„Лично мислам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше она што го сакаше, и никогаш не може да се бара повеќе од тоа. Имаше добар живот“, напиша 57-годишниот Кифер.

 

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кружен тек со 31 семафор

Следно

Англија и Данска одиграа нерешено

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран
Go toTop