Кружен тек со 31 семафор

June 20, 2024
1 min read

На локалците дополнително им се крена коса на главата откако локалниот совет пушто видео во кое се објаснува како се користи првата градска раскрсница со семафори оптимизирани за велосипеди со заштитни сигнали (Cycling Optimised Protected Signals  – Cyclops).

Компанијата „Грејтер Кембриџ“, која управува со градските патишта, вели дека комплетот од 31 семафор околу крстосницата е дел од поширока намера да се заштитат велосипедистите од пешаци и автомобили.

Не сите мислат така:

„Ова е трет пат Лабуристичката партија да инсталираат апсурдни шеми кои одговараат на нивната идеолошка агенда на сметка на жителите. Лудило е да се прави истото одново и одново и да се очекуваат различни резултати. Триесет и еден различен семафор ќе предизвикаат хаос за сите корисници на патиштата и ќе ги направи патувањата поопасни и поконфузни,“ вели Шејн Менинг, конзервативниот парламентарен кандидат за Кембриџ.

Сообраќајот комплетно запира од сите четири правци на кружниот тек додека велосипедистите поминуваат низ него. Посебни семафори ги одвојуваат велосипедистите од обичниот сообраќај и од пешаците. Пешаците пак, поминуваат во исто време со велосипедистите, користејќи посебен прстен на патеки на средината на крстосницата, додека на зебри ја преминуваат велосипедската лента.

Кој разбра- разбра:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Биљали Зендели за ТВ 24: Стоилковиќ има остри ставови кон Косово, Сребреница, НАТО, ЕУ и Албанците

Следно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ДОНАЛД САТЕРЛЕНД

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop