Победничкото Ферари од Ле Ман 1965 година е продадено за 34,9 милиони евра

February 13, 2025
1 min read

„Ферари 250 LM“, со Јохен Ринд и Мастен Грегори победија на легендарните 24 часа Ле Ман во 1965 година, е продаден на аукција во Париз за 34,9 милиони евра, објави италијанскиот производител.

Ферари произведе само 32 автомобили од овој модел, а постигната сума претставува рекорд за овој модел.

„Ферари 250 LM“, победи на оваа исцрпувачка трка во 1965 година. Според аукциската листа, шасијата 5893 била само шестата „250 LM“ произведена некогаш.

Автомобилот се натпреваруваше под знамето на Северноамериканскиот тркачки тим (NART) на Луиџи Чинети, кој му ја донесе победничката титула пред речиси 60 години.

Ова е и единствената победа на Ферари на Ле Ман постигната од приватен тим. Описот на аукцијата посочува дека ова е единственото Ферари произведено за време на владеењето на Енцо Ферари кое учествувало на дури шест 24-часовни трки: три пати на Ле Ман и три пати на Дејтона.

Последната трка била 24 часа Дејтона во 1970 година, по што автомобилот бил купен од Музејот за мотори во Индијанаполис, каде што помина повеќе од пет децении.

Инаку, апсолутниот рекорд за Ферари сè уште го држи „330 LM/250 GTO“ од 1962 година, кој достигна цена од 50 милиони евра на аукција во Њујорк во ноември минатата година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пешев: Скептик сум за 3,7% раст на БДП, реални очекувања се 2,7%

Следно

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop