По протестите, Грузија ќе го повлече законот за „странски агенти“

March 9, 2023
1 min read

Гледаме дека предлог-законот доведе до несогласувања во општеството. Со оглед на сето ова, одлучивме да го повлечеме предлог-законот што го поддржуваме без резерва, соопштуваат од „Грузиски сон“

Грузиската владејачка партија соопшти дека ќе го повлече нацрт-законот за „странски агенти“, откако во главниот град имаше масовни протести и широки меѓународни критики.

Во соопштението на партијата стои дека безусловно го повлекуваат предлог-законот поради потребата да се намали конфронтацијата во општеството.

„Гледаме дека предлог-законот доведе до несогласувања во општеството. Со оглед на сето ова, одлучивме да го повлечеме предлог-законот што го поддржуваме без резерва“,

соопштуваат од „Грузиски сон“.

Би-би-си пренесува дека и делегацијата на ЕУ во Грузија потегот за отфрлање на законот го оцениле како „најава за добредојде“ и ги охрабрува политичките лидери да продолжат со реформите.

Неколку дена , илјадници демонстранти излегоа на улиците во Тбилиси и го искажуваа револтот од ваквиот предлог-закон.

Предлог-законот доби голем број критики од општеството, медиумскиот сектор и аналитичарите, кои сметаа дека претставува „закана за грузиската демократија“. Критичарите и опозицијата го споредуваат нацрт-законот со рускиот закон од 2012 година кој потоа почна да го проширува опсегот и да се користи за сузбивање на независното граѓанско општество и медиумите.

И грузиската претседателка Саломе Зурабичвили најави дека ќе стави вето на законот бидејќи смета дека тој ќе ги уништи надежите за влез во ЕУ и НАТО.

Протести пред парламентот на Грузија имаше и вчера, а полицијата употребила солзавец, водени топови и шок-бомби во обид да ги растера демонстрантите. Стотици полицајци, од кои многумина носеле безбедносни штитови, се собрале на улиците околу зградата на парламентот во обид да ги разбијат протестите.

Облаците од солзавец принудиле барем дел од илјадниците демонстранти да се оддалечат од парламентот.

Неколку десетици луѓе претходно ја пробиле металната бариера подигната на одредено растојание од парламентот, но не покажале знаци дека се обидуваат да влезат во зградата на законодавниот дом на Грузија.

Предлог-законот предвидуваше дека организациите кои од странство ќе добиваат повеќе од 20 отсто од својот буџет, треба да се регистрираат како „странски агенти“ и да подложат на мониторинг од страна на Министерството за правда или, во спротивно, ќе се соочат со високи казни.

Според нацрт-законот, невладините групи и медиумите ќе бидат цел на напади доколку преземат 20 отсто од финансирањето од странство.

Владејачкиот блок во Грузија, коалицијата „Грузиски сон“, минатиот месец објави дека ќе го поддржи законот за странски агенти, а опозицијата жестоко се противеше.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градежна офанзива во Љуботен: Се реконструираат неколку улици

Следно

Украинскара нуклеарка Запорожје исклучена од електричната мрежа по руските напади

Latest from Blog

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и
Go toTop