По половина век, утре конечно почнуваат градежните работи за изградба на ГП „Маркова нога“ во Преспа

March 11, 2025
1 min read

Жителите наместо за 2 километри до најблиското село Роби на грчка страна, моментално за во Грција треба да минат 150 километри, односно да вртат преку преминот „Меџитлија“ кај Битола.

Но, тоа наскоро ќе се промени бидејќи од утре започнуваат градежните работи за изградба на граничниот премин „Маркова Нога“ во Преспа.

Ова го најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, од каде велат дека амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас утре заедно со премиерот Христијан Мицкоски, како и претставникот на УНДП, Армен Григорјан ќе присуствуваат на почетокот на градежни работи.

„Официјално ќе се започне со градежни работи за царинската зграда со придружната инфраструктура, и тоа канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта и паркинг кај новиот граничен премин Маркова нога – Герман. Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма ‘ЕУзаПреспа’, која изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Од нив, 18 милиони евра, односно 84  проценти се обезбедени од Европската Унија, а остатокот се од националниот буџет. ‘ЕУзаПреспа’ се спроведува преку два договора за придонес потпишани со УНДП. Опремата треба да ја испорача и инсталира Царинската управа“, соопштија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Реконструкцијата ќе се финансира и со дел од програмата Интеррег ИПА Грција – Северна Македонија, со вкупно 7,73 милиони евра. 1,2 милиони евра ќе бидат обезбедени од Министерството за внатрешни работи, додека 114,136 евра ќе дојдат од Општина Ресен.

Очекувањата се дека граничниот премин ќе биде пуштен во употреба во 2028 година.

ТВ21 и претходно пишуваше за овој граничен премин чие затворање е без официјално образложение и по еднострана политичка одлука на Грција во 1967 година, но жителите на Преспа се сомневаат дека тоа е за да се спречи комуникацијата меѓи двете страни, кои најчесто се во роднинска врска.

Интересна приказна е и името на граничниот премин која доаѓа од една легенда која вели дека Крали Марко сакајќи да го виде малото преспанско езеро се поткачил на камен и оставил трага од своето стапало. Оваа легенда привлекува и многу туристи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Итроманот Итар Пејо доби симфониска суита, премиера во сабота

Следно

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа ЗА интерпелацијата- конечно ќе ставиме крај на партизацијата на судството

Latest from Blog

Артета: Требаше сè да одлучиме многу порано

Фото: ФЦ Арсенал/Твитер Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше пласманот на тимот во полуфиналето на Карабао Купот. „Топџиите“ го победија Кристал Палас на пенали и се пласираа во следната рунда. „Многу

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година. Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции

Божиновска: Силна и стабилна преносна мрежа услов за зелена и одржлива енергетика

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.
Go toTop