Итроманот Итар Пејо доби симфониска суита, премиера во сабота

March 11, 2025
1 min read

Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе ја изведе симфониската суита „Итар Пејо“ од македонскиот композитор Филип Иванов како едукативен концерт за деца. Диригентка е Бисера Чадловска, а наратор ќе биде актерот Мартин Јорданоски. Во петок, на 14 март, концерот ќе има претпремиера за организирана посета од училишта.

Делото на македонскиот композитор Филип Иванов „Итар Пејо“, како што кажува и самиот наслов, е инспирирано од популарниот македонски лик од нашата традиција, лукавиот и снаодливиот Итар Пејо. Тој е познат како симбол на итрец, којшто успева да се справи со неправдите и предизвиците преку својата интелигенција и снаодливост. Особено е итар во надмудрувањето на богатите или на оние коишто сакаат да го искористат…

Делото на Иванов е поделено на седум делови со поднаслови коишто укажуваат на течението на нарацијата: „Триумфот на Итар Пејо пред селскиот кмет“, „Танцот на измамата: Маската на Пејо“, „Меланхолија на исчезнатата паричка“, „Шегите на Итар Пејо“, „Итар Пејо во судир со неправдата“, „Инспиративниот говор на Итар Пејо“ и „Свадбата на Пејо“.

Ова е прва симфониска суита од македонски автор која обработува лик од македонската фолклорна традиција, а е наменета за деца и млади.  Композицијата е дел од наградените композиции коишто пристигнаа на конкурсот, којшто Филхармонија го распиша минатата година за откуп на дела од македонски автори наменети за симфониски оркестар.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кредитобарателот понекогаш може да ги исплаќа и долговите на жирантот, граѓаните често не знаат за долговите што ги преземаат

Следно

По половина век, утре конечно почнуваат градежните работи за изградба на ГП „Маркова нога“ во Преспа

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop