ПО ПЕТ НАГРАДИ ЗА „СЕ ВИКАМ МЕДЕЈА“ И „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ НА „ЧЕРНОДРИНСКИ“

June 16, 2023
1 min read

Претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола ја доби наградата за уметничко остварување во целина на 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓународно жири во кое членуваат Јанко Љумовиќ од Црна Гора, претседател и Милош Љумовиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови доделија 15 награди. Не се додели наградата за текст.
Наградите ќе им бидат врачени на лауреатите вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во нивна чист, Српското народно позориште од Нови Сад ќе ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

Уметничкиот директор Љумовиќ рече дека „Се викам Медеја“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“ се издвојуваа по својата естетика и по истражувачкиот театар што во нив го има. Жирито се согласи дека македонскиот театар треба да продолжи да истражува, дека актерската игра била најдоброто во сите претстави. Кажа дека театарските менаџери повеќе да се фокусираат на домашната драма.

„Естетските и уметничките квалитети на претставата на Битолскиот театар, и ставот на режисерот Хорват кој влегува во проблемите на современоста, се нешто импресивно што ја означува мисијата на театарот денес. Денешниот театар ја промислува современоста преку стварноста. Очигледно има две претстави кои се издвојуваат. Тие претстави покажуваат високо постигнат уметнички резултат, ансамблите исклучително го изнесоа режисерскиот концепт“, рече Љумовиќ.

Претставата „Се викам Медеја“ доби Награда за рекламен материјал за Сашо Илковски, награда за музика на Драго Ивануша, награда за главна женска улога за Илина Чоревска, награда за најдобра режија за Себастијан Хорват.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во режија на Зоја Бузалковска доби Награда за кореографија и сценски движења за Симон Симоновски, награда за костимографија на Елена Вангеловска и Раде Василев, награда за сценографија за Константин Трпеноски, награда за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска за улогата на Џуди, главна машка улога за Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија ЃП се засили со офанзивец од втората бугарска лига

Следно

„Јадро“ со реакција за неисполнети обврски на Министерството за култура и на Град Скопје кон независната културна сцена

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop