По одбивањето на Трамп, Републиканскиот комитет ја повлече резолуцијата со која го прогласува за „претседателски кандидат“

January 26, 2024
1 min read

Републиканскиот национален комитет  ја повлече својата резолуција да го прогласи Доналд Трамп за партиски претседателски кандидат за 2024 година, неколку часа откако поранешниот претседател го одби таковиот предлог со цел да се сочува единството на партијата.

Сојузникот на Трамп, Дејвид Боси, вчера достави нацрт на резолуцијата меѓу своите колеги од Националниот комитет, во време кога расте притисокот врз единствената ривалка на Трамп, Ники Хејли, да се повлече од трката. Пред да биде повлечена, се очекуваше за реолуцијата да се гласа следната недела за време на состанокот во Лас Вегас.

Трамп и неговите сојузници започнаа кампања за притисок врз Хејли, која одбива да се откаже од трката за републиканска претседателска номинација. Нејзиното одбивање да ја заврши кампањата го налути Трамп, кој сака да го насочи своето внимание на самите претседателски избори и на неговиот демократски противник, претседателот Џо Бајден.

Но, на неговиот социјален медиум „Truth Social“, Трамп сепак рече дека претпочита Републиканскиот национален комитет да не го протурка планот и предвреме да го прогласи за претседателски кандидат на Републиканската партија.

„Чувствувам, заради партиското единство, дека тие не треба да продолжат со спроведување на овој план, туку дека треба да го направам тоа на „старомоден“ начин и да го завршам процесот пред гласачките кутии“, напиша Трамп.

Откако обезбеди убедливи победи на прелиминарните избори во Ајова и Њу Хемпшир, стана извесно дека Трамп ќе биде претседателски кандидат од Републиканската партија. Додека Рон ДеСантис и Вивек Рамасвами веќе се откажаа од трката, поранешната амбасадорка на ОН Ники Хејли допрва треба да се повлече.

Сепак, најголемата закана за номинацијата на Трамп, според аналитичарите, остануваат бројните судски случаи против него што може да доведат до осуда, принудувајќи го да се откаже од трката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршени и незавршени работи пред формирањето на техничката влада

Следно

Гир: Политичките партии да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop