По катастрофалните поплави во Словенија: Граѓаните ги чистат објектите, допрва следува санација

August 9, 2023
1 min read

НАЗАРЈЕ/ЉУБЉАНА (АА) – По неколку дена откако Словенија беше погодена од најтешката природна катастрофа во својата историја, граѓаните со помош на државните служби работат на санирање на штетите, за што поскоро да се нормализира животот, јавува Анадолу.

Срушени делови од патишта, оштетени станбени и деловни објекти, уништени автомобили сѐ уште се видливи во словенечките општини Назарје и Љубно, во покраината Штајерска.

Надојдените реки Дрета и Савиња на подрачјето на Назарје однесоа сѐ пред себе, а во санирањето на последиците од поројните поплави помагаат војската, цивилната заштита, пожарникарите и самите граѓани.

Јожеф Празик живее во близина на Назарје. Како што изјави за новинарот на Анадолу, поројната поплава го однела објектот на локалната автобуска постојка на неколку десетици метри од првобитната положба.

– Расчистувањето ќе трае со недели –

Како што изјави, поплавата во потполност на неколку дена го блокираше сообраќајот, штетите се огромни, а веќе пет дена се работи на санирање на штетите.

Катја Горјанц е припадник на доброволната противпожарна единица од Крањ, а со колегите дошла во Назарје да пружи помош на локалното население.

Според нејзините зборови, штетите се огромни и процесот на расчистување ќе трае со недели.

Екипата на Анадолу го сретна Исток Вртачиќ пред еден од угостителските објекти во Назарје, каде што работи на санирање на штетата предизвикана на опремата и инвентарот.

„Ова е проблем за цела Словенија, не само за нас. Доколку не успееме да добиеме помош од Брисел, не знам како ќе биде, бидејќи оштетени се и фабриките. Во оваа Савињска Долина, имаме 16 илјади луѓе и две фабрики што се оштетени. Доколку овие фабрики не го вратат производството, тогаш сите сме готови во оваа долина“, рече Вртачиќ.

– Две третини од територијата погодена од поплавите –

„Словенија се соочи со најтешката природна катастрофа во својата историја“, изјави претходно премиерот Роберт Голоб, откако разорните поплави предизвикаа штета што се проценува на половина милијарда евра.

Во разорните поплави што ја зафатија Словенија минатата недела загинаа шест лица, уништени се патишта, мостови и куќи. Зафатени се две третини од територијата на земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар потврди Бразилец како шесто засилување за новата сезона

Следно

Силна експлозија го потресе градот Сергиев Посад близу Москва

Latest from Blog

Кога Мбапе погодува, Реал победува

фото: Real Madrid CF (X) Во дербито од 21-то коло од Ла Лига, Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 како гостин. И вечерва како клуч за победата на Реал се покажа

Сообраќајот во државата се одвива непречено и по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, соопшти АМСМ и информира дека сите државни патишта се

Омерагиќ меѓу македонските прволигаши на подготовките во Анталија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна посета во Анталија, каде што се сретна со претставници на македонските клубови кои ги реализираат подготовките за продолжението на Прва МФЛ. Омерагиќ

„Не сум мртов!“ – Роб Кардашијан се враќа пред камерите по девет години

Роб Кардашијан, поранешна ријалити-ѕвезда, се врати пред камерите по девет години пауза. Роб Кардашијан првпат се појави на малите екрани на 20-годишна возраст во ријалити-програмата „Keeping Up With the Kardashians“, но од
Go toTop