По Европа денес се умира и повеќе отколку во пандемиските години

July 7, 2023
1 min read

Меѓу ланскиот јуни и овој јуни, Велика Британија бележи „вишок смрт“ (во однос на повеќегодишниот просек за одреден период) од 1.059 лица на еден милион жители. Овој британски вишок на смрт е поголем од вишокот на смрт кој го регистрирале 13 од 27 земји на ЕУ во истиот период во пандемиските 2020-21 година. Тоа се Австрија, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Германија, Франција, Грција, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија и Шведска.

„Ако утре направат анкета меѓу Британците, се надевам дека малку ќе бидат оние кои ќе мислат дека треба да им се вратиме на карантините. Но, ако Англичаните сега не мислат дека тоа е добра идеја, зошто Германците или Финците или Грците мислеа дека тоа е добра идеја во 2020 и 2021 година? Дали можеби биле изманипулирани? Да не не им беше дадена целата слика?, пишува Ник Рендел.

Овие и други бројки кои сега се во сенка на другите настани кои го окупираа глобалното внимание (Украина, Франција…) не даваат некои одговори но затоа отвораат прашања:

„Ако Британија сега има повеќе смртни случаи по глава на население отколку половина од ЕУ во 2020-2021 година, дали Европејците беа луди кога се заклучуваа тогаш, или Британците се луди што не се заклучуваат сега?

Или:

„Со оглед на тоа што, со чесен исклучок на Шведска, сите овие земји во голема мера го следеа истиот сет на политики, дали Бугарите, со околу 3.500 на милион прекумерни смртни случаи и Данска со потпросечен вишок смртни случаи, истоветно сметаат дека карантините беа корисна алатка?”

Или:

„Ако заклучувањето беше толку ефикасно, зошто смртните случаи во Бугарија беа толку високи? А ако пандемијата беше толку смртоносна, зошто беа толку ниски во Данска?“

„Забавата“ не завршува тука.

Во осум земји – Германија, Финска, Австрија, Латвија, Грција, Естонија, Холандија и Ирска – вишокот на смртни случаи во 2022-2023 година е поголем отколку во 2020-2021 година. На пример, во Германија, прекумерните смртни случаи во 2022-23 година се четири пати повисоки отколку во 2020/21 година. Во Финска во 2020-2021 година починале помалку луѓе од нормалното, додека сега имаат вишок смртни случаи што би ги сместиле во горната половина на „Лигата на смртта“ на ЕУ во 2020-21 година. Ирска и Грција имаат речиси двојно поголем број на смртни случаи во 2022-2023 година отколку во 2020-2021 година.

„Како би ги убедиле вашите сонародници да потрошат неколку стотици милиони евра во пресрет на пандемија која се случува „еднаш во векот“, кога смртта наводно ја демнеше државата, а тоа ќе резултира со помалку вишок смртни случаи отколку што ги имаме сега?“, прашува Рендел.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Новиот Предлог-закон за културата се изготвува со јавна дебата и отворен пристап на сите засегнати субјекти

Следно

Српски моторџии тргнаа кон Косово, специјалци ги спречија на „Јариње“

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop