По два дена изгаснат пожарот кај кумановското Бељаковце

July 28, 2025
1 min read

Изгаснат е  пожарот кај кумановското село Бељаковце, со кој противпожарните служби се бореа два дена. Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири екипи од територијалната противпожарна единица, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, вработени од „Национални Шуми“ и локално население.

– Пожарот беснееше два дена. Првиот ден од 16 часот, беше локализиран извесен период, подоцна повторно  се разгоре, поради ветрот, и вчера е изгаснат, околу три часот по полниќ, изјави заменик-командирот на ТППЕ Куманово Борис Станковски.

Во вечерните часови голем пожар избувнал и во кратовското село Димонце. За негово локализирање биле ангажирани екипа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и две екипи од ТППЕ Старо Нагоричане. Целосно е изгаснат и големиот пожар кој беснееше во селата Ругинце, Облавце и Сув Орах.

Во текот на вчерашниот ден пожар бил пријавен и во селото Отља, во општина Липково, како и во селото Тромеѓа каде што горело стрниште. Ноќеска, половина час по полноќ, интервенирано е и на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, каде што горел смет. Пожарот бил изгаснат за околу 30-тина минути, соопштуваат од РЦУК.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илиевски: Ме радуваат енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во тимот

Следно

13 часа без капка: жителите на Пржино и Водно под воден режим, институциите негираат рестрикции

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop