По 19 години брак се разделуваат Никол Кидман и Кит Урбан

September 30, 2025
1 min read

„Понекогаш врските едноставно завршуваат“, изјавил извор близок до двојката, додавајќи дека Кидман не сакала раскинување и се обидувала да го спаси бракот.

Тие беа во брак 19 години.

Според медиумските извештаи, двојката живее одвоено од почетокот на летото. Урбан наводно се иселила од семејниот дом во Нешвил и купила нова куќа во истиот град.

Кидман моментално е посветена на грижата за своите ќерки – Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14). „Таа го држи семејството заедно во овој тежок период, откако Кит го нема“, открил инсајдер. Сè уште не е познато дали двојката планира официјален развод. Кидман претходно беше во брак со Том Круз.

Она што ја прави оваа вест уште поболна е фактот дека Кидман зборуваше за својот сопруг со огромна нежност во интервју за списанието „Пипл“ минатата година.

„Толку сум среќна што го имам Кит, тој е мојата љубов, мојата длабока љубов. Тоа ми дава сила да направам сè што морам, бидејќи знам каде секогаш можам да се вратам“, рекла Кидман тогаш, како што објави „CDM“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мировен план на Трамп за Газа: Нешто старо, нешто ново – и истите пречки

Следно

Ѓорѓиевски: „Есенинова“ ќе се пробива од „Чешма“ до „Шампионче“ за побрз сообраќај

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop