Пилот се онесвестил среде лет, авионот принудно слета во Атина

February 9, 2025
1 min read

Авионот на „EasyJet“, кој летал од египетската туристичка дестинација Хургада кон Манчестер, морал итно да слета во Атина, откако капетанот се онесвестил во текот на летот, објави британскиот весник „Daily Mail“.

Според изјава на еден од патниците, екипажот повикал медицински лица меѓу патниците, а атмосферата во авионот станала напната.

„Почнавме да паничиме, мислејќи дека е крај. Еден од патниците доби напад на паника и му ставија маска за кислород“, изјавил патник за британскиот медиум.

Компанијата „EasyJet“ потврди дека авионот рутински слетал на аеродромот во Атина, благодарение на копилотот кој ја презел контролата. По безбедното слетување, авионот бил пречекан од пожарникари, полиција и брза помош.

Засега нема официјални информации за моменталната здравствена состојба на пилотот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓански форум: „Секој еден, да не биде следен“

Следно

Секоја иницијатива за подобрување на статусот на жената потекнува од СДСМ, велат од партијата

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop