Секоја иницијатива за подобрување на статусот на жената потекнува од СДСМ, велат од партијата

February 9, 2025
1 min read

Во рамки на денешната трибина повод 25 години од формирањето на Форумот на жени на СДСМ се одржаа панел дискусии на кои се дискутираше за состојбата на жената во општеството, за женското лидерство и за улогата на Форумот во борбата за родова еднаквост.

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, порача дека женското лидерство и водство огромна поврзаност со тоа што значи генерално  позиционирање на жената во општеството, не само на лидерските позиции, туку во сите општествени позиции.

„Ние како партија  може да се гордееме со сите наши социјалдемократски постигнувања на полето на родова рамноправност откако постоиме како партија, па подоцна и со Форумот на жени. Ние имаме постигнато најголеми резултати како во партијата така и во целото општество. Не постои друга партија во Северна Македонија во којашто жените имаат повеќе права, повеќе застапеност, .достапност до позиции на моќ и на одлучување, и на креирање на политики кои што се приоритетни за постигнувањето на таа рамноправност. Секоја инцијатива за подобрување на статусот на жените во општеството или потекнувала од нас или била поддржана од нас и од нашите партнери. Она што треба да си го признаеме е дека не само дека се уште не постигната таа родова рамноправност туку и дека борбата за родова рамноправност постојано трае. Тоа не е еднократен чин којшто сме го завршиле и сме завршиле со таа работа, не, тоа е сизифовска работа којашто постојано трае и мораме да ја правиме“, рече Костова.

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, се осврна на улогата на жените во заштитата на животната средина, што како што кажа е од исклучителна важност за целокупното општество, за животот на идните генерации.

 „Ние се соочуваме години наназад со пропусти од нефункционирање на системот. Сите велиме имаме добри закони, имаме инвестиции во државата, но јас во пресрет на локалните избори ќе кажам на секој да се запраша во каква општина живееме, во каква нечистотија живееме. Жените во животната средина во оваа држава досега беа лидери. И јас како и многу други жени од Министерството за животна средина и просторно планирање можеа да излезат од министерството и да одат да работат за повисоки плати, но ниту една не замина, ја сакаме работата заради што сметаме дека животната средина е еден од приоритетите за кои што треба да се бориме покрај женските права во оваа наша држаа и дека можеме многу да направиме. Апелирам до сите општински организации, до сите жени, животната средина нека ви биде во програмите коишто ќе се прават за локалните избори, животната средина мора да биде приоритет ако сакаме да имаме здрави генерации“, рече Шукова.

Инаку на денешната трибина на панел дискусиите учествуваа и поранешите претседателки на Форумот на жени на СДСМ, Елеонора Петрова Митевска,  Цветанка Иванова и Снежана Калеска Ванчева, кои ги споделија своите искуства во функционирањето на Форумот низ годините и улогата на жените социјалдемократки во креирањето на политиките.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пилот се онесвестил среде лет, авионот принудно слета во Атина

Следно

Пронајдени оружје и муниција и приведени две лица во полициската акција во Чашка

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони
Go toTop