Пецаков: Системска поддршка на младите, Општината партнер на секоја младинска иницијатива

October 15, 2025
1 min read

Младите луѓе се носители на идеи и иновации. Затоа, вложувањето во нивниот развој, создавањето услови за нивно активно учество и поддршка на нивните потреби е наша морална и општествена одговорност. Тоа денеска го истакна Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и кандидат за втор градоначалнички мандат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на пригодната свеченост организирана по повод тригодишнината од отворањето на Младинскиот центар во Охрид.

-Со отворањето на Младинскиот центар во 2022 година, направивме важен чекор за младите и за целата заедница. Покажавме дека Општина Охрид има волја и капацитет да ги стави младите во фокусот на своите политики. Овој Центар прерасна во место каде што се креираат програми, активности, иницијативи посветени на младите луѓе. Низ изминативе три години, тука се одржаа низа настани, обуки, работилници и волонтерски акции, кои го збогатија личниот развој на младите. Горди сме што Младинскиот центар стана простор каде што младите добиваат системска поддршка, преку неформално образование, информирање и советување. Општина Охрид денес е препознаена како позитивен пример во државата, во делот на исполнување на своите обврски согласно Законот за младинско учество, но и за тоа што направи чекор понатаму, во креирање и имплементирање на конкретни мерки кои даваат вистинска поддршка за младите, рече Пецаков додавајќи дека во оваа насока се формирани и Локалниот совет на млади и Локалното младинско собрание, а изготвена е и Стратегија за млади.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓорѓиевски со дигитална и еколошки одговорна кампања за модерно Скопје

Следно

Шведски метод на чистење: Корисен е за намалување на натрупувањето облека

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска во Вашингтон: Партнерство со САД за посилни јавни финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон оствари продуктивна средба со претставници на Трезорот на САД. Таа истакна дека техничката поддршка

Зеленски ја стави Одеса под воена администрација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го стави пристанишниот град на Црното Море, Одеса, под воена власт, поради судир со градоначалникот, објави германската новинска агенција ДПА. Зеленски во вторник му го одзеде државјанството на

Проданоски: Прилепска Пиварница е гордост на градот и симбол на успешноста

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод јубилејот од 100 години постоење на Прилепска Пиварница, упати честитка до раководството и вработените, истакнувајќи дека оваа компанија претставува вистински пример за

НЕ Е ХАРИНГА, НИТУ ТУНА: Ова е најздравата конзервирана риба, полна е со витамини и протеини

Конзервираната риба често е незаслужено запоставена во исхраната, иако е извор на висококвалитетни хранливи материи. Додека харингата е позната по својата богата содржина на омега-3 масни киселини, а туната по својата висока

Ковачки од Пехчево: Нашата цел е да граѓаните ја гледаат својата иднина овде

Денеска од народниот митинг во Пехчево, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори,
Go toTop