Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт преку кој сакаат да дојдат на власт

November 29, 2024
1 min read

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ и СДС би дошле на власт, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали наместо протести кои ги најавуваше ДУИ добивме црно сценарио за провокации и етнички немири?

Токму на ова предупредуваше и премиерот Христијан Мицкоски кога кажа дека има уфрлено групи за провокација кои се со тесни врски со политички центри.

Дали навистина мислат ДУИ и СДС дека преку газење на македонското знаме, пукотници и блокирање на градови ќе дојдат на власт?

Зошто се толку многу исплашени? Дали вака мислат дека ќе се спасат од соочување со правдата?

Дали ДУИ и СДС поради тоа што се немоќни и немаат поддршка за протести решија на овој начин, преку етнички провокации да се наметнуваат во јавноста?, прашува Петрушевски и додава:

„ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено ги осудува сите инциденти во текот на вчерашниот ден.

Бараме од органите на прогонот да покренат постапки и со најстроги мерки и одлуки да се пристапи кон примена на законот.

ДУИ и СДС сеат семе на раздор. Тоа се антидржавни партии за кои партискиот и личниот интерес се над државниот.

Ова беше црно сценарио за предизвикување на етнички немири. Граѓаните да останат смирени и да покажат висока свесност за потребата да се игнорираат ваквите провидни црни сценарија“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател

Следно

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Latest from Blog

Пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница

Пожарот во струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, соопшти вечерва Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Градоначалникот на Струмица, Костадин

Ердоган учествуваше на онлајн состанок на европските лидери за Украина и одбраната

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на онлајн​​​​​​​ состанок на европските лидери, јавува Анадолу. Ердоган на состанокот учествуваше од палатата „Долмабахче“ во Истанбул, придружуван од турскиот министер за

Лондонскиот аеродром Хитроу обнови некои летови по прекинот на електричната енергија

ЛОНДОН (АА) – Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе продолжи со некои летови во текот на денот по престанокот поради прекинот на електричната енергија, известува Анадолу. Портпаролот на Хитроу се извини за

Удрено 12-годишно девојче на „Партизанска“ – возачот уапсен

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко

Марш во Прилеп: Мртвите најгласно молчат

Вечерва во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од
Go toTop