Петрушевски: СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега

January 23, 2025
1 min read

СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега. Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

СДС и Филипче целосно се ставија во заштита на приватни бизнис интереси. Се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма.

Ако сега тендерот за обезбедување ќе се извршува по цена пониска за половина милион евра, тогаш логички е да се запрашаат и ЈО и останатите институции каде оделе тие пари до лани.

Оттука го повикуваме ЈО веднаш да отвори истрага како до лани услугата обезбедување е плаќана половина милион евра повеќе.

ЈО мора да даде одговор на легитимната дилема дали половина милион евра кои ги наплаќала до лани фирмата за обезбедување завршувале дел во СДС, а дел кај тандемот Зечевиќ-Ковачевски, и претходно кај Заев?

За разлика од тоа како до сега. Со тендерот за избор на најповолна понуда за обезбедување е овозможена конкуренција и е засилена заштитата која ја добива државата во случај на неисполнување на задачите или нивно неквалитетно извршување, што е поткрепено со банкарска гаранција која фирмата добитник на набавката мора да ја издаде, а е во висина од 20 милиони денари.

СДС може само да гледаат како се работи домаќински и да ги бројат загубите на криминалните приходи кои до лани им течеле. А одговорност за секој еден криминал ќе има, порача Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест на земјоделците во централна Грција

Следно

Во ЕУ за првпат се произведувало повеќе енергија од Сонце отколку од јаглен

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop