Петрушевски: Љупчо Дон Николовски овозможил незаконска исплата од 485.000 евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Заев и Филипче

September 11, 2024
1 min read

Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност. Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ, посочува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата Арекспорт од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари. Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен тендераџија на СДС, од ЕВН, преку град Скопје и до Влада до приватни лаборатории во време на Ковид пандемијата кои ги отвори во време на Венко Филипче. Семејството Лазарови се најблиски пријатели со Зоран Заев и Венко Филипче. Главни стожери на СДС. Тоа било доволна причина за Љупчо Дон Николовски да испумпува милиони на сметката на Арекспорт без никаков основ, но да почнеме со ред, рече тој.

Петрушевски истакна дека фирмата Арекспорт склучила долгогодишен договор за закуп со МЗШВ под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад.

-Наместо лозов насад стотици хектари се користеле за сеење на едногодишни култури, спротивно на договорот за закуп, а уште толку се давале на други лица да ги работат, односно не биле обработувани од фирмата закупец. Неискористувањето на земјиштето за намената за која што е склучен договорот е основ за раскинување, но до тоа не дошло затоа што наместо по закон Дон Николовски работел по партискиот кодекс. Фирмата на семејството газди на НИКОБ заради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирале 485.000 евра за субвенции, кои немале право да ги земаат. 485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата на семејството газди на НИКОБ не само што не го испочитувале договорот во делот на насадот кој се обврзале да го засадат, туку и не платиле закупнина за земјиштето 2 години по ред, истакна пратеникот.

Тој откри дека Арескпорт не платиле закупнина во висина од 30.000 евра, за 2022 и 2023 година.

-Љупчо Дон Николовски, и покрај тоа што неплаќањето на закупнина е основ за раскинување на договорот, тоа не го направил и со тоа овозможил нелегална исплата на субвенции. Презентиравме два основа според кои Љупчо Дон Николовски имал право и обврска да го раскине договорот, и тоа не го направил. Зошто Дон Николовски не го раскинал договорот и дали и каков интерес имал? Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара. Утре ќе презентираме нови докази, за тоа дека Дон Николовски можел да го раскине договорот со фирмата на семејството газди на НИКОБ и тоа не го сторил, а овозможил исплата на субвенции и го оштетил буџетот, посочи Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба

Следно

Мицкоски најавува нови инвестиции од ноември

Latest from Blog

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки,

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финанс

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Општина Битола со нова дезинсекција: Целта е намалување на ризикот од Западнонилска треска

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Според информациите

Солзи на трибините: Меси се врати на теренот пет дена по смртта на неговиот татко (ВИДЕО)

Фото: Интер Мајами Х Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати
Go toTop