Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки?

October 5, 2024
1 min read

Владата на СДС и ДУИ преку МЗШВ, конкретно Љупчо Дон Николовски работела со голем број нерегуларности, сомнежи за криминал и надвор од закон. Постои основано сомневање дека во 2021 година е пуштено во промет брашно во вредност од над 2 милиони евра без за истото уредно да биле платени контролните марки во МЗШВ, обвинува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според Извештајот на ДЗР за МЗШВ за 2021 година, изготвен во 2023 година јасно се нотира МЗШВ, со кое раководел Љупчо Дон Николовски не воспоставило евиденција на набавените и издадените контролни марки за ставање во промет на брашното, ниту пак контроли во тој процес. Постои основан сомнеж дека Љупчо Дон Николовски и владата на СДС и ДУИ дозволиле во промет да циркулира брашно кое имало контролни марки кои не биле уредно платени во МЗШВ, вели тој.

Имено, посочи дека Ревизорот констатирал дека за 2021 година МЗШВ набавило контролни марки во вкупна вредност од 3 милиона 305 илјади денари, а издало контролни марки во вредност од 2 милиона 242 илјади денари.

-Разликата во вредност која се јавува, и не е евидентирана во МЗШВ дали се работи за издадени контролни марки без да се наплатат изнесува 1 милион 63 илјади денари, односно тоа се 5 милиони 315 илјади контролни марки. Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање на промет на брашно во вредност од над 2 милион евра без да има уредно наплатени контролни марки? Кому му дал Љупчо Дон Николовски контролни марки за увоз на брашно без истите да ги платат? Што презело ЈО по однос на ова прашање и зошто повеќе од година дена се молчи? – рече пратеникот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загина тракторист од Муртино откако врз него паднала железна шипка

Следно

Израелската армија уби 23 Палестинци во Газа во последните 24 часа, вкупно 41.825 од 7 октомври

Latest from Blog

„Нож и виљушка на европска чинија“ утре носи целодневна забава во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ОРМУЗ – Иран заплени танкер и упати закана до САД

Иранската морнарица го заплени танкерот „Оушн Кои“ под обвинение за обид за нарушување на иранскиот извоз на нафта и националните интереси, објави новинската агенција „Тасним“. Запленувањето го извршиле специјални единици на иранските

Пробиштип со свечена програма го одбележа денот на победата и денот на Европа

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на

МЕПСО ја обжали одлуката: спорот со „Енергоинвест“ оди во арбитражна битка

Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека
Go toTop