Петровска поднесе кандидатура за претседателка на СДСМ — ситуацијата во партијата е специфична со оглед на политичките околности

June 5, 2024
1 min read

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Славјанка Петровска, денеска ја поднесе кандидатурата за претседателка на партијата.

-Денеска после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест да ја поднесам кандидатурата за претседателка на СДСМ. Заедно со пријавата секако го поднесов и манифестот со социјалдемократијата. Тоа е мојата програма, во која што се осврнувам на тоа што треба да бидат идни приоритети на новото раководство на СДСМ, по големиот пораз којшто го доживеавме на овие избори, рече Петровска.

Вели СДСМ во минатото доживувал порази, но и победи, и како што рече, овојпат ситуацијата е специфична имајќи ги предвид политичките околности во државата. На новинарско прашање од МИА, во врска со стратегиите за обединување на членството, Петровска вели доколку биде избрана за претседателка на СДСМ ќе иницира чести внатрепартиски дебати, за кои рече, досегашните функционери на партијата ги ставиле во втор план.

-Функционерите на партијата кои извршуваа навистина одговорни државни функции беа посветени на исполнување на владината агенда и на носењето стратешки важни државни одлуки и некако во втор план се ставија партиските дебати внатре. Јас на почетокот споменав 24 години сум член на СДСМ и како младинец подоцна ги памтам долгите дебати кои ги имавме и во месните организации и во општинските организации, кога политичките збиднувања во државата, без разлика дали сме биле власт или опозиција, биле дискутирани коментирани во рамките на органите на партијата. Органите на партијата мора многу  често да заседават без разлика дали сме власт или опозиција, рече Петровска.

Вели дека добила поддршка од некои поранешни функционери на партијата, но како што рече, не би ги злоупотребувала нивните имиња.

-Јас не би ги злоупотребувала нивните имиња. Меѓутоа можам да кажам дека имав изминатиот период разговор, консултации, барав совет што е за мене секогаш својствено и никогаш не се срамам да кажам дека барам совет од поискусните и помудрите од мене. И веројатно тоа што ја поднесувам кандидатурата очигледно дека сум добила позитивни сигнали. Не би ги злоупотребувала нивните имиња затоа што сметам дека ако тие ценат треба јавно да ме поддржат, може тоа да го направат, рече Петровска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Анкета: Речиси половина од Германците стравуваат од терористички напади за време на Еуро 2024

Следно

Како Америка од невнимателност создаде Оска на избегнување санкции

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop