Петровска: „Императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност“

November 16, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Северна Македонија, како претседавач со САД – Јадранската повелба (А-5), денес е домаќин на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на земјите членки на оваа иницијатива, јавува Анадолу.

На состанокот, освен министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, присуствуваат и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер, министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Краповиќ, заменик-министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ, и раководителот за меѓународна безбедносна и одбранбена соработка во хрватското Министерство за одбрана, Игор Габриќ.

Исто така, од земјите набљудувачи на состанокот учествуваат министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, државниот секретар во Министерството за одбрана на Србија, Немања Старовиќ, и заменик-генералниот директор во Министерството за одбрана на Словенија, Аљоша Селан.

Министерката Петровска во своето воведно обраќање истакна дека успехот на САД – Јадранската повелба е недвосмислен, бидејќи четири од петте земји членки на Иницијативата станаа членки на НАТО и даваат свој придонес на регионалната и колективната безбедност на Алијансата.

„Оваа година одбележуваме дваесет успешни години на заедничка соработка, инструмент од клучно значење што ја катализираше трансформативната ера во регионот. Во изминатите две децении Повелбата се покажа како успешен регионален механизам за јакнење на довербата меѓу земјите членки, но и пошироко. Резултатите од дејствувањето и соработката се повеќе од видливи и широко препознаени“, рече Петровска.

Таа додаде дека и покрај достигнувањата во изминатите две децении, мора да се земат предвид и новите и посложени предизвици на денешницата.

„Геополитичкиот пејзаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и сложени. Во овие предизвикувачки времиња, императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност. Безбедноста на една нација е суштински поврзана со безбедноста на сите нас. Нашата способност ефективно да одговориме на повеќеслојните предизвици со кои се соочуваме зависи од нашиот капацитет да создаваме партнерства и поуспешна соработка“, рече Петровска.

Во текот на министерскиот состанок се очекува да се дискутира за јакнење на регионалната соработка преку засилен одбранбен дијалог помеѓу државите во регионот, заедничкиот придонес на земјите од А5 во мировните мисии и операции на НАТО, како и организирањето заеднички вежби и обуки.

САД – Јадранската повелба (А-5) е иницијатива во која учествуваат САД, Северна Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека како земји набљудувачи учествуваат Словенија, Србија и Косово.

Иницијативата беше формализирана во мај 2003 година кога Северна Македонија, Албанија, Хрватска и САД ја потпишаа Јадранската повелба, која имаше за цел прием на трите тогашни земји аспиранти во НАТО.

Црна Гора и Босна и Херцеговина официјално ѝ се приклучија на Јадранската повелба во 2008 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинска управа: Спречен нелегален влез на 6 мигранти од Ирак, запленета и стоката и камионот во кој се превезувале

Следно

Хамас негира дека политичкиот лидер на групата се состанал со иранскиот поглавар Хамнеи

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop