Петмина мртви и десетици повредени е билансот од невремето во регионот, меѓу повредените и 12-годишно девојче

July 20, 2023
1 min read

Три жртви во Хрватска и по една во БиХ и Словенија е билансот од вчерашното невреме во регионот. Десетици се повредени. Во Нови Сад дрво падна врз 12-годишно девојче, а силниот ветер соборил и 74-годишен маж од скутер, кој во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар

Пет мртви и десетици повредени е билансот од незапамтеното невреме што синоќа го зафати регионот. Невремето што вчера ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија зад себе остави пустош, но одзеде и човечки животи.

Во невремето во Хрватска загинаа три лица. Двајца од нив, како што јавуваат медиумите, загинале кога врз нив паднало дрво, а по пад од дрво врз возило загинал и 40-годишен возач.

Последици од невремето во Хрватска / ФОТО: ХРТ

Десетици други, пак, се повредени од кои повеќето потешко.

Невремето што го зафати регионот однесе и една жртва во Словенија.

Тамошните медиуми јавуваат дека вчера попладнето странски државјанин загинал во Блед. Пожарникари од 432 противпожарни единици се вклучиле во отстранување на последиците од невремето, отстранување паднати дрвја, електрични и телекомуникациски столбови итн.

Санирањето на штетите ќе продолжи и денеска.

Жена загина и во невремето кое го зафати северниот дел на Босна и Херцеговина, а повеќе од 20 лица побарале медицинска помош. Итната помош имала повеќе интервенции поради полесни повреди.

Откорнати дрвја, паднати кранови, расфрлени контејнери, оштетени кровови се само дел од последиците во силното невреме што синоќа зафати и поголем дел од Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Валево, Смедерево.

Двата паднати крана во Белград / ФОТО: Нова.рс

Во Нови Сад се повредени две лица, од кои 12-годишно девојче врз кое паднало дрво. Девојчето е пренесено на детско одделение во болница во Нови Сад и е во стабилна состојба.

Силниот ветер соборил и 74-годишен маж од скутер, кој во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар.

Штета претрпеле и две основни училишта во Нови Сад. Срушен е кров на спортската сала на едно од училиштата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелските сили убија Палестинец во Наблус

Следно

„Не можам да ги гледам моите слики од тој момент“: Исповед на Драгиша Гудељ по срцевиот застој на терен, открива како Ериксен му помогнал

Latest from Blog

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека
Go toTop