Петковски во Аргумент плус: Иако имаме наметната перцепција дека САД е нашиот стратешки партнер сепак треба да видиме како ќе се рефлектира тоа

February 26, 2025
1 min read

Поранешниот политичар, Тито Петковски во Аргумент плус рече дека иако новата влада во Македонија наметна перцепција дека САД е нашиот стратешки партнер до кој треба да се држиме, сепак не се знае каде и како ќе се рефлектира тоа. Според него, и политички и географски Македонија припаѓа во Европа но најважно е да се одреди по кој пат ќе се движи.

„Нема туку многу простор за мудрување, кога дојде новата власт наметнаа перцепција дека САД е наш стратешки партнер и дека треба да се држиме до нив, дури и коспонзорирањето на резолуцијата на САД според мене значеше обид на владата да се факторизира позицијата на Македонија во меѓународните односи и да се виде дека сме заедно. Се создава слика дека Македонија е некој фактор во меѓународните односи и политиката што ја следи САД е императив и тоа да се следи“, изјави Петковски.

Тој зборуваше и за тоа дека во моментов за Македонија најважно е да го собере цел свој потенцијал и да одлучи во која насока ќе се движи.

„Прашањето е кој пат да го фати Македонија, слепото придружување на САД за Македонија не е продуктивно, лошото минато со Европа, нашите луѓе гледаат со резерва на тоа Еу што бара од нас. Трамп вика дека договорот со Грција е еден од најудобрите што регионот ги заклучил а кого штити тука тоа е друго прашање. Ако сфатиме дека не сме никаков играч тоа е само бизнис. Во овој случај Македонија има обврска да седне и да го употреби цел свој потенцијал и да се види какви последици ќе имаме“, рече Петковски.

Според него помислата дека Трамп ќе го реши проблемот на Македонија со Бугарија е погрешна.

„Не верувам дека ќе има потези Трамп да го реши проблемот со Бугарија за таа да се повлече бидејќи тоа не е добитна карта. Неодамна Бугарија и САД склучија договор за испорака на авиони. Бугарија и плаќа на САД. Трамп е бизнисмен. Македонија треба да заборави дека некој ќе се жртвува за нас и ќе ја изгуби Бугарија“, додаде Петковски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турска одбранбена компанија отвори нова фабрика за цивилни беспилотни летала

Следно

Романското обвинителство почна кривична истрага против Георгеску

Latest from Blog

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop