Петкова: За каква чесност зборува Ковачевски кога сме на 85 место по корупција? Измените во влада се за да ги спасат тендерите!

February 24, 2023
1 min read

Денес имаме доставен предлог за членови на новата влада предводена од Ковачевски, а неговите зборови дека ќе биде поуспешна не држат, затоа што истото го зборуваше и минатата година. За каква успешност и стабилност зборувате кога имаме најнизок економски раст, најдолни сме во регионот. За каква чесност зборувате кога сме на 85 место по корупција, втори по мизерија и најнесреќен народ во светот, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.

Таа потенцира дека ова владејачко мнозинство не е базирано на програма и принципи, нема легитимитет, крпат од една страна, а од друга страна им се кине.

-Ова мнозинство е фаќање за сламка, да им даде уште некој месец плус на оваа клинички мртва влада. Промени во влада на една година пред избори е лош потег кој нема да донесе добро за држава. Првото промашување на штета на државата заради комбинаториките во владата откажувањето на еврообврзницата. Голем срам за македонската економија. Владата заборави дека се вклучи во пазар 3 коалиција и министерот си даде оставка, а нов нема. Меѓународен скандал, државата губи на репутација и рејтинг, изјави Петкова.

Таа прашува како може да се очекува за период од една година да се смени нешто во правда, без реформи, имаме само 4% доверба во правосудниот систем.

-Овие измени нема да донесат подобар живот на никој во државава, да имаше живот граѓаните немаше да заминуваат од државата, измените се пуста желба да се одржи месец плус најнеспособната влада и да се спасат бизнисите и тендерите, вели таа.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Орбан повторно повика на прекин на огнот во Украина

Следно

ИНСТАТ: Во јануари за 94 отсто зголемен бројот на странските туристи во Албанија

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop