Петков „го откачи“ Борисов: Доколку ГЕРБ не успее да формира влада со првиот мандат, ПП-ДБ ќе предложи кабинет со вториот мандат

April 7, 2023
2 mins read

Нашата одлука да не ја поддржиме ГЕРБ во првиот мандат се заснова на вредности. Тоа што го видовме во минатиот парламент и на овие избори се заснова на овие вредносни разлики, рече лидерот на Продолжуваме со промените, Кирил Петков

Коалицијата на Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ), нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ, информираа на прес-конференција партиските челници.

„Сите партии во коалицијата одлучија дека нема да поддржиме влада со мандат или учество на ГЕРБ. Јасно е дека не успеавме доволно да ги убедиме бугарските граѓани дека за европскиот пат на развој на земјата вреди да излезат да гласаат“,

изјави Асен Василев, копретседател на Продолжуваме со промените кој оцени дека имало сериозни проблеми со спроведувањето на изборите.

Нашата одлука да не ја поддржиме ГЕРБ во првиот мандат се заснова на вредности. Тоа што го видовме во минатиот парламент и на овие избори се заснова на овие вредносни разлики, рече од своја страна Кирил Петков.

Тој изјави дека во коалицијата се обединети околу одлуката ПП-ДБ да работи на важни политики со сите политички партии.

„Ќе разговараме со сите нив, бидејќи на бугарските граѓани им ветивме јасни политики за справување со актуелните проблеми. Почнувајќи од буџетот, кој не може да биде заложник на разговорите меѓу политичките партии“,

рече Петков.

Петков изјави дека треба што побрзо да се донесе буџет, бидејќи ниту народот ниту бизнисот не можат да чекаат.

За цените на храната изјавија дека ќе работат на нова стратегија во бугарското земјоделство за бугарската храна да доаѓа на бугарските трпези по ниски цени. За ова ќе разговараат со сите политички партии.

„Шенгенот е приоритет и тоа може да се случи доколку имаме јасни заеднички акции на оваа тема“,

категоричен беше Петков.

Според него, доколку ГЕРБ не успее да формира влада со првиот мандат, ПП-ДБ ќе предложи кабинет со вториот мандат.

Генералниот став на коалицијата го потврди Христо Иванов од Демократска Бугарија.

„Нашата оценка е дека обединувањето не успеа да го оствари својот целосен потенцијал на овие избори, но ветувањето што го дадовме треба да се исполни – да се врати парламентарната република и парламентарната влада во Бугарија. Големото прашање е да се има влада, но таа треба да биде таква што ќе може да ги реализира приоритетите на дело, а не на зборови. Ова ќе биде нашата цел и ќе продолжиме да го разгледуваме очигледното – без длабока, сериозна реформа во правдата, ниту една од овие цели нема да се постигне“,

заклучи Иванов.

Лидерите на Продолжуваме со промените Кирил Петков и Асен Василев уште пред неколку дена категорично изјавија дека нема да поддржат влада на ГЕРБ или со учество на партијата на Бојко Борисов.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, пред два дена соопшти дека единствената задача пред новото Народно собрание е формирање редовна влада. Тој рече ќе биде пратеник во 49. Народно собрание и лично ќе ги води преговорите со другите партии.

„Нови избори значат ризик за парламентарната демократија. Ќе ги поканиме апсолутно сите партии што бугарскиот народ ги испрати во Народното собрание. Најстабилна влада – онаа што ќе го смири бизнисот е коалицијата меѓу големите партии“,

изјави Борисов.

Во Бугарија во неделата се одржаа парламентарни избори, петти по ред во период од две години. Според резултатите што ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат шест партии, односно коалиции. Прва со најмногу гласови е коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов. Таа има 49 769 гласа повеќе, или помалку од два отсто од второпласираната коалиција на Кирил Петков – Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шведската полиција поднесе жалба на судската одлука со која се дозволуваaт протести со палење на Куранот

Следно

Останати се уште 200.000 денари: Општина Карпош ги повика граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди

Latest from Blog

Со фолклорно дефиле и завршен концерт Делчево одбележа 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО

Со фолклорно дефиле низ градските улици и завршен концерт на Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево го одбележа големиот јубилеј 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО. На настанот

Заседава новиот Централен одбор на СДСМ

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вечерва одржува прва седница на која се очекува да бидат избрани нови членови на Извршниот одбор, потпретседатели и секретари на партијата. Централениот одбор на СДСМ беше избран

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник за војната во Украина, објавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори. Во моментов нема специјален пратеник

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

ИДЛИБ (АА) – Во Сирија избија судири меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимската вооружена група „Тахрир ал-Шам“ во руралните подрачја на Алепо, јавува Анадолу. Во судирите, кои започнаа
Go toTop