Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ.
Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ со претседателката Силјановска Давкова која се оддржува на цели пет месеци по неговиот избор на 30-ти јуни 2024-та, кој следуваше месец и половина по дебаклот и катастрофалниот пораз на партијата на парламентарните и претседателските избори во мај .
Средбата ќе биде во Кабинетот на Претседателката на Република Македонија (Вила Водно) со почеток во 15.00 часот.
По средбата, како што е најавено, изјава за медиуми ќе даде претседателот на СДСМ.
ИЗВОР: kurir.mk