Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но според Кабинетот на претседателот на Собранието, нема обврзувачки последици

January 11, 2025
1 min read

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика. 

Пратениците во Собранието не ги изгласаа интерпелациите за вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени. 

Доцна синоќа Собранието расправаше за четирите интерпелации кои ги поднесе Европскиот фронт, но кои не добија поддршка ниту од владејачкото мнозинство, ниту од опозициската СДСМ. 

На првата пленарна седница по новогодишниот одмор, беше изгласана само интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика Илире Даути. 

Пратениците од опозициската СДСМ на почетокот на седницата најавија дека нема да учествуваат во расправата по интерпелациите бидејќи, според нив, нема потреба од нови поделби по етничка основа. Интерпелациите за четворицата владини функционери не беа поддржани ниту од владејачкото мнозинство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски готвач рекреираше неолитски леб според рецепт стар 8.600 години

Следно

Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop