Песочна бура го погоди Иран: Хоспитализирани над 700 лица

August 13, 2023
1 min read

Најмалку 733 лица се примени во болниците во иранската покраина Систан-Белучистан со различни поплаки предизвикани од песочната бура што го погоди југоисточниот дел на земјата, пренесува Анадолу.

Шефот на итната служба во Систан-Балучистан, Маџид Мухиби, за ИРНА изјави дека тие лица биле хоспитализирани во последните три дена во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирменд и Нимруз во северниот дел на Систан-Балучистан.

Тој рече дека 58 лица сѐ уште се во болница на лекување.

Шефот на Метеоролошкиот институт во таа иранска провинција, Мухсин Хајдари, изјави дека поради зголеменото количество прав во воздухот видливоста е намалена особено во Забул и Зехек.

Канцеларијата на гувернерот на Систан-Балучистан соопшти дека поради песочните бури денеска се затворени државните институции и банките во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирменд и Нимруз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три млади лица од Македонија исчезнаа во Грција! Два дена никаква трага, во собата траги од крв, ги нема и нивните куфери!

Следно

Нема пријава за исчезнати лица во Грција, тројцата млади лица сами си заминале од Кавос

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop