Перински: Потребен е нов закон за локална самоуправа, средства од унгарскиот кредит побарале 80 општини

October 9, 2024
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска од Охрид истакна дека во тек се активностите за донесување нов закон за локалната самоуправа, со кој ќе биде уредено и прашањето за можност за отповикување на градоначалник под определени услови.

Перински рече дека со постојната легислатива, функционерите избрани на напосредни избори како градоначалници, нема никаква законска можност за нивно отповикување.

– Наредната седмица ќе ве информираме за настан на експертско ниво, на кој ќе бидат детерминирани слабостите на постоечкото законско решение… Главен императив во новото законско решение ќе биде можноста за отповикување на градоначалник. Сакаме со овие законски измени да им се овозможи на граѓаните да ги осповикаат оние кои ги избрале, рече тој, нагласувајќи дека интенција е мандатите на идните градоначалници да бидат уредени со ново законско решение.

Перински уште рече дека дополнително со измените на легислативата ќе биде уредено функционирањето на комуналната полиција со законот за локална самоуправа, што сега е под ингеренции на Министерството за транспорт и врски.

– Сакаме да ја препознаеме со законот за локална самоуправа, за да немаме девијанти појави на уништување урбана опрема за која општините издвојуваат значајни средства, рече тој. Перински истакна дека поостоечкиот закон е постар од две децении и како таков, како што рече, „зрел за промени“.

Што се однесува на средствата предвидени како финансиска поддршка на локалните самоуправи од кредитот од Унгарија, министерот посочи дека во рамки на шесте ресорни министерства во завршна фаза е процесот на евалуација, а одлуките ќе бидат донесени од Владата веднаш штом тој процес биде завршен.

-Очекуваме да стигнат предлог-одлуките. Кога ќе заврши процесот на евалуација истите ќе ги ставиме на владина седница. Може за тоа да биде свикана и вонредна седница, рече тој.

Досега апликации за добивање финансиски средства поднеле 80 општини, за реализација на 358 проекти. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков ја отвори конференцијата за Младинско вработување во Битола

Следно

Уставните измени и евроинтеграциите биле меѓу најзастапените теми во медиумите за време на изборите, но без аналитички пристап

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop