Перински: Нови проекти за подобрување на животот на граѓаните

March 5, 2025
2 mins read

Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја посетија Општина Илинден.

Во текот на посетата беше означен почетокот на изградбата на три важни инфраструктурни проекти, кои ќе имаат значајно влијание на развојот на општината. Два од нив, изградба на две улици и армирано бетонски плочаст мост над одводен канал, се финансирани со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти. Третиот проект, изградба на дел од новопроектирана улица е проект финансиран од општинскиот буџет.

„Денеска, во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, се наоѓаме во Општина Илинден, во населеното место Јака, каде отпочнаа градежните активности на три проекти кои претставуваат една целина и се суштински за развојот на општината и чија реализација значително ќе го подобри секојдневието на жителите во оваа нова и брзо растечка населба. Ова е уште еден доказ за нашата посветеност за реализација на конкретни решенија кои создаваат одржливи услови за раст и напредок, со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните“, истакна министерот Перински.

Претходно, министерот Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими, остварија средба со градоначалникот Александар Георгиевски и членовите на општинскиот Совет, на која беа разгледани тековните проекти и предизвиците со кои се соочува општината, а дискутираа и за придобивките од планираниот Закон за локална самоуправа. Министерот одржа средба и со заинтересирани граѓани кои дадоа свои предлози и сугестии во насока за зголемен развој на општината.

Премиерот Христијан Мицкоски ја истакна посветеноста кон градењето и развојот на општините, нагласувајќи ја важноста на создавањето како клучен принцип на политичкото делување.

„Задоволство и чест ми е да бидам денеска во општина Илинден. Ќе продолжиме да градиме и понатаму, бидејќи тоа е суштината на едно политичко функционирање, да се создава, а не да се уништува. Тоа е нашата филозофија и така и ќе продолжиме да се однесуваме. Јас повеќе немам што да додадам во делот на техничките карактеристики, бидејќи тоа го истакнаа министерот и градоначалникот. Само ми останува да му се заблагодарам на градоначалникот Георгиевски за неговата прилично амбициозна агенда во општина Илинден, на советниците, на администрацијата и на Министерството за локална самоуправа, која го фасилитира и овој втор повик“, истакна Мицкоски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски најави значајни инфраструктурни проекти со цел подобрување на сообраќајната поврзаност и животниот стандард на граѓаните.

„Општина Илинден започна неколку битни проекти, при што градиме три улици и мост, во вкупна должина од 1150 метри. Се работи за инвестиција од преку 40 милиони денари, од кои најголемиот дел од средствата, над 70 проценти се обезбедени од Владата, а околу 30 проценти кофинансира општината. Населеното место Јака е прилично нова населба, која што интензивно се гради и со тој интензитет планираме да продолжиме и во иднина. Токму овие улици и овој мост ќе обезбедат уште еден нов влез кон населбата, кој ќе го растовари сообраќајот, но и ќе ги подобри условите за живот на самите граѓани што живеат тука, па дури и во целата општина. Во таа насока сакам да изразам голема благодарност до Владата за поддршката што ни ја дава, и конкретно на премиерот, затоа што со претходниот повик кој што заврши, освен овие проекти, исто така започнуваме со изградба на фекална канализација во Кадино, како дел од втората фаза. Таму веќе се одвива првата фаза со средства од општината, а втората фаза е со средствата на Владата“, посочи Георгиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одново започна судењето за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ за струшкиот градоначалник Мерко

Следно

Јужнокорејски пратеник: Северна Кореја пратила уште 3.500 војници во Русија

Latest from Blog

Рускиот министер Лавров: Москва ја смета нуклеарната реторика на Макрон за закана

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон како закана, јавува Анадолу. „Ако нè смета за закана,

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали. Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, досегашниот началник на штаб во

Кочоска: Да сум погрешила кон Славјанка би се извинила, времето ќе покаже кој бил во право!

Во одговор на новинарско прашање поврзано со навредите кон Славјанка Петровска од СДСМ, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека за неа веќе е затворено тоа прашање. -Жалам што имаше таков дефокус

YouTube подготвува големи промени: Дали ќе стане сличен на другите големи платформи?

YouTube се подготвува за значајни промени кои би можеле да го променат изгледот и функционалноста на платформата. Пред неколку години, YouTube ја воведе функцијата Primetime Channels, која им овозможи на корисниците да
Go toTop