Одново започна судењето за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ за струшкиот градоначалник Мерко

March 5, 2025
1 min read

Во Основниот суд во Струга денеска започна повторно судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга. Судењето за поставувањето на спомен обележјето на влезот на општинската зграда беше одложено поради здравствени проблеми на обвинителот кој го застапува предметот.

Расправа за набавката на автомобилот започна од почеток поради смената на судечкиот судија. На претходното рочиште, судијата побара време за разгледување на списите, а одбраната поднесе приговор за застареност на делото, кој беше одбиен од претходниот судија и исто така од новиот судија Јордан Јованов. Според Јованов, решението останува во сила бидејќи има прекин на застареноста.

„Како што беше решено и од колешката која го водеше предметот, не се прифаќа приговорот за застареност, а одлуката е задржана. Сметам дека има прекин на рокот на застареност, поради што расправата ја продолживме со изведување на докази“, изјави судијата Јордан Јованов.

Тој нагласи дека листата на сведоци е обемна, но дека ќе одлучи дали ќе ја прифати во целост, додавајќи дека нема да толерира непојавување на сведоци без оправдани причини, како што беше случајот со двајца сведоци на денешното рочиште.

„Тоа што беше дадено не се смета за оправдани причини. Судот има механизам за донесување на сведокот доколку тој одбегнува да се појави“, посочи судијата Јованов.

Според него, делото нема да биде апсолутно застарено пред 2028 година.

На денешното рочиште, по барање на одбраната, сведочеше Наде Бојаџиевска, ревизор во Државниот завод за ревизија, која беше дел од тимот што вршел ревизија во Општина Струга во 2019 година. Таа потврди дека останува на податоците од ревизорскиот извештај за 2018 година.

Одбраната на Мерко го толкува извештајот како доказ дека не постоела незаконитост во постапката за набавка на возилото.

Процесот започна во април минатата година, а Мерко се товари за злоупотреба на службената положба поради набавката на четири моторни возила, вклучувајќи го и „Ауди А6“, во вкупна вредност од 114.000 евра. Набавката е обвинувана за оштетување на буџетот на општината во време кога имала неплатени долгови и блокирана жиро-сметка. Според последните измени на Кривичниот законик, за злоупотреба на службена положба, предвидена е казна затвор од една до четири години.

Рамис Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради обвиненија за корупција и има девет обвиненија за несовесно работење во службата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Панче Панта Мижимаков (1946-2025)

Следно

Перински: Нови проекти за подобрување на животот на граѓаните

Latest from Blog

На пеколна жештина, повеќе од еден час чекање за влез во Македонија

Пеколните августовски температури не ги спречија колоните на македонските гранични премини. Додека жештината во земјава се приближува до 40 степени, патниците кои денеска влегуваат преку Табановце чекаат повеќе од еден час, а

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

Во период кога енергетската безбедност, зелената транзиција и европските реформи се меѓу најважните државни приоритети, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува интензивни законски и институционални промени. За досегашните резултати, но

Крај на сагата – Хари Кејн: Англичанецот им ја соопштил својата одлука на челниците на Баерн

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна
Go toTop