Перински: Клучен фактор во успешноста на функционирање на една локална самоуправа е иницијативата, посветеноста и истрајноста на градоначалникот

March 6, 2025
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во своето вечерашно гостување во емисијата „Вин-Вин“ оцени дека клучен фактор во успешноста на функционирање на една локална самоуправа е иницијативата, посветеноста и истрајноста на градоначалникот.

Според него, постои и законска можност за меѓуопштинската соработка, механизам со кој може да се надмине дефицитот на ресурси на помалите општини, да се формираат заеднички јавни претпријатија или заеднички служби.

„Имаме десетина примери на локални самоуправи коишто беспрекорно добро се менаџираат, беспрекорно добро функционираат, беспрекорно добро ги извршуваат изворните надлежности и имаат нула денари долгови. А, имаме и спротивни примери, кои десетина години не издале ниту едно даночно решение, десетина години наназад се блокирани и најчесто тие примери се секогаш исти и се повторуваат. Затоа ние велевме и на почетокот, погрешната политика на минатата Влада во дел на супституирање на загуби, само генерира неработење“, посочи Перински.

Во емисијата, тој се осврна и на актуелните измени на Законот за локална самоуправа и повтори дека главната иницијација за отворање на Законот и негово менување, меѓудругото, е и можноста за воведување референдумски отповик на градоначалник, бидејќи сега единствено градоначалниците се единствени функционери коишто од кога граѓаните ќе ги изберат веќе имаат загарантирано четиригодишен мандат.

„Јас лично сметам и во Владата сметаме дека никој не треба да го ужива овој комодитет. Во делот на комуналните редари, не само за Скопје, туку и во останатите градови, насушно е потребна комунална редарска служба со зголемени ингеренции, за да може да превенира пред сè девијантни однесувања, но и да казнува. Иако, репресивната политика на ниедна Влада не и е омилена, едноставно не можеме да не одговориме на потребите на граѓаните и на потребите на нашите опкружувања“, додаде Перински, кој и во ова телевизиско гостување, ја потврди својата амбиција за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Независно кој и да биде конечниот кандидат, актуелниот министер најави дека неговата матична партија во изборната програма за претстојните локални избори ќе понуди програма со системски издржливи целосни решенија коишто ќе одговорат пред сè на основните проблеми со коишто сега се соочуваат жителите на главниот град.

„Нас нѐ тишти основата, базата. Ние немаме развој, туку треба да ја надминеме базата. За четиригодишен мандат ќе имате понудено решение за сите тие проблеми, во делот на загадување, во делот на јавен транспорт, во дел на зеленило, во дел на одлагање на отпад, во дел на паркиралишта и т.н.“, најави министерот Перински.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По повеќе од една година: Нејмар се врати во репрезентацијата на Бразил

Следно

Коцевски го доби барањето за негово разрешување

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop