Перински: До 5-ти септември ќе биде објавен јавниот повик за инфраструктурни проекти во општините

August 30, 2024
1 min read

Министерството за локална самоуправа до 5 септември ќе го објави јавниот повик за доделување средства на општините за реализација на инфраструктурни проекти, најави денеска ресорниот министер Златко Перински.

-Како што веќе информираше премиерот на минатата владина седница се донесе одлука и се формираше Координативно тело за следење на целокупниот процес. Денеска има прв состанок на ова Координативно тело во Владата и до 5 септември ќе биде објавен јавниот повик од страна на Министерството за локална самоуправа, рече Перински во одговор на новинарско прашање на паузата на Јавната дискусија за предлог законите за административни службеници во ЗЕЛС.

Владата за до крајот на годинава има предвидено 100 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти во општините во земјава. Годишно за оваа намена Владата ќе обезбедува по 250 милиони евра, а сите општини треба да аплицираат со готови проекти за да добијат средства.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Златна мимоза“ за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Следно

Лука Змејкоски освои сребро на СП во кик-бокс

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop