Перински: Без млади, нема иднина- ни за локалната самоуправа, ни за државата

December 4, 2024
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ се осврна на клучните мерки на Владата насочени кон младите, при што нагласи и дека младите се клучот за иднината на државата и дека вложувањето во нив е приоритет за секоја институција.

„Оваа Влада и премиерот Мицкоски се многу фокусирани во оваа насока. Мерките што ги предвидуваме ние, во оваа власт, се насочени кон младите. Предвидуваме електронски уред за секој студент, без разлика дали е на државен или приватен факултет, што е исклучително битно“, истакна Перински.

Перински најави и финансиска поддршка за младите претприемачи и нагласи дека се издвоени 10 милиони за стартапи за лица до 29 години.

„Предвидуваме 10 милиони за стартапи за лица до 29 години. Навистина суштински е потребно, затоа што младите луѓе се многу пообразовани од она што ние мислиме дека се. Ако им се овозможи оваа алатка, тие ќе имаат мотивација да се градат и развиваат во рамки на сопствената држава“, изјави Перински.

Перински ја нагласи и важноста на подобрувањето на условите за образование.

„Иако не е мој ресор директно, како влада сме насочени кон реконструкција и вложување во инфраструктурата во рамки на факултетите и во реконструкција на студентските домови, за што се предвидени 18 милиони евра“, кажа Перински.

Перински на крајот на својата изјава испрати силна порака.

„Верувајте ми, без млади нема иднина, ниту за локалната самоуправа, ниту за државата. Ние, како влада и локална самоуправа, ги мотивираме да останат, да растат и да се развиваат тука. Бидејќи, секаде на друго сте гости, само дома сте дома. Младиот човек треба да има соодветно образование и услови за реализација. Потоа, треба да му се пружи алатка како своите идеи, стекнати преку образовниот процес, да ги реализира и надоградува во рамки на својата држава“, заклучи Перински.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

Следно

УНИЦЕФ: Од февруари 2022 година секој ден загинуваат по две украински деца

Latest from Blog

Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата

Илјадници демонстранти се собраа вчера на централниот плоштад во Софија протестирајќи против одлуката на владата за воведување на еврото, барајќи за оваа одлука да се одлучи на референдум. Европската унија го одобри

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ

Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината

Земјотресот е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,

Илјадници луѓе се собраа во Венеција протестирајќи против „Свадбата на годината“ на Безос и корпоративната експлоатација

СКОПЈЕ (АА) – Околу илјада луѓе излегоа на улиците на Венеција вчера, во знак на протест против раскошната свадба на Џеф Безос, известува Анадолу. Демонстрантите, носејќи транспаренти и знамиња, марширајќи до иконскиот

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се
Go toTop