Пентагон соопшти дека кинески шпионски балон лета и над Латинска Америка

February 4, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Кинески шпионски балон лета и над Латинска Америка, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, јавува Анадолу.

„Ги видовме вестите за летањето на балонот над Латинска Америка. Сметаме дека ова е уште еден кинески балон за набљудување“, рече тој. „Во оваа фаза немаме други информации.“

Пентагон претходно објави дека следи сомнителен кинески балон за надгледување од големи височини над континенталниот дел на Соединетите Американски Држави (САД).

Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека балонот бил „цивилно воздушно летало што се користи за истражување, главно за метеоролошки цели“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го одложи планираното патување во Кина поради инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претрес во Скопје: Полицијата приведе дилер на дрога

Следно

Арсовска во посета на средното училиште „Лазар Танев“

Latest from Blog

ФОТО: Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребот на папата Франциск – имаше кратка средба и со Доналд Трамп!

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на

Вардар прв до Ф4 турнирот од Купот на Македонија

Вардар е првиот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако „црвено-црните“ излегоа како победници на турнирот што се играше во Битола, каде организатор беше Е. Пелистер 2. Откако во четвртокот

Дали поддржувате користење на АИ за домашни задачи?

Истражувањето спроведено од Унгарската национална управа за медиуми и комуникации покажало дека 76,5% од децата на возраст од 13 до 16 години имаат искуство со некоја програма базирана на Вештачка интелигенција. Истражувањето
Go toTop