Пентагон има единица за бранење на американските генерали од Твитер тролови

June 20, 2023
1 min read

Алатката со која располага ПСБ (Protective Services Battalion) има директен пристап до твитови и Твитер корисници без ограничувања, можност за анализа на 4чан, Редит, Јутјуб и рускиот Вконтакте, плус опција за следење на разговорите на платформи како Дискорд и Телеграм.

За разлика од алатките што ги користи американската полиција и војска за следење на клучни зборови на најразлични социјални мрежи и чет-соби, алатката на ПСБ ги комбинира податоците од социјалните мрежи со изобилието на јавно и не јавно достапни информации, кои потоа можат да се пребаруваат.

Изворите на информации вклучуваат „дискусии полни со сигнали од заедници на незаконски актери/закани и пристап до сите разговори во рамките на каналите на овие заедници“, јавни истражувања, снимки од надзорни камери, радиостаници, новински медиуми, персонални досиеја, хакнати информации, веб камери и податоци за локација на мобилен уред.

Во барањето што армијата го има поднесено за оваа алатка се наведува дека не се бара само систем за следење, туку и алатка која ќе го маскира интернет присуството на армијата додека таа го мониторира интернетот.

Дел од податоците, пример локацијата, Армијата ја купува на истиот пазар на кој маркетинг агенции и софтверските компании ги купуваат и продаваат податоците собрани од мобилните телефони преку најразлични апликации.

Проблемот со сето ова е што иако е прифатливо тоа дека постојат законски причини зошто нечие однесување на социјалните мрежи би се следело, истото не важи и за тоа дали некој на Твитер не бил наклонет кон американски генерал.

„Изразувањето на ‘позитивно или негативно расположение кон висока високоризична личност’ не може да биде доволна основа за владини агенции да можат да спроведуваат операции за следење, па дури да ја откриваат и точната локација на некој поединец.

Можноста да се изразуваат мислења, да се критикува, да се прават претпоставки и да се носат вредносни процени – посебно за државни функционери – е клучен дел од демократско општество,“ објаснува директорката за програма на Прајваси интернешнл, Илиа Сиатитса.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Недела на бугарски документарни филмови од 21 до 27 јуни во Кинотека

Следно

Ердоган изрази сочувство на Шариф во врска со загинувањето на пакистанските граѓани

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop