Пендаровски се сретна со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Бауер

September 4, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес го прими претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија, пренесува Анадолу.

Според соопштението на претседателскиот кабинет, на средбата се разговарало за процесот на трансформација, опремување и модернизација на Армијата на Северна Македонија и учеството во меѓународни операции и вежби.

„Соговорниците разговараа за соработката меѓу Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, а беа разменети мислења и информации за состојбите во Украина и улогата на Алијансата во одбраната на украинскиот народ од руската воена агресија“, се вели во соопштението.

Во тој контекст, Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамките на можностите, ќе продолжи да дава воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија.

Пендаровски и Бауер констатираа дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина, со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за натамошно унапредување на соработката и јакнење на НАТО-сојузништвото во насока на исполнување на заедничките цели за колективна безбедност и мир на европскиот континент.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за фалсификување пари  

Следно

ЕУ: Очекуваме Русија да се врати на Црноморската иницијатива за жито

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop