Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

January 27, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност.

–Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава, вели Пендаровски во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.

Претседателот нагласува дека „ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да негираме по тие основи“.

-Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука на прво место, чувствата а македонскиот народ ги демантира. Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавни поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија, рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пендаровски: Одредени субјекти во Бугарија го искористија случајот во Охрид за политички цели

Следно

НАЈМАЛКУ СЕДУМ МРТВИ – терористички напад во Ерусалим, од видеото нема да ви биде добро (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ)

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop