Пендаровски: Одредени субјекти во Бугарија го искористија случајот во Охрид за политички цели

January 27, 2023
1 min read

Одредени политички субјекти во Бугарија, локалниот инцидент во Охрид се обидуваат да го стават во политички контекст и да го политизираат за да добијат политички поени на краток рок, смета претседателот Стево Пендаровски.

-Јас можам да разговарам за моето соопштение во кое направив неколку елементи, следејќи го соопштението на ОЈО Охрид. Прво, осудив чин на насилство, кој е наспорен, бидејќи дечкото има тешки телесни повреди. Второ, кажав дека е секретар на клубот на Бугарите во Охрид, затоа што ОЈО Охрид тврдеше дека така почнал инцидентот, дека му рекле „не ти е срам да се пишеш Бугарин“. Значи го следев она што го кажува официјален државен орган. И во третиот дел, ги повикав надлежните органи да го расчистат целиот случај и виновните, не велам кој е виновен, да сносат санкции“, рече вечерва Пендаровски во гостувањето на Топ Тема, говорејќи за инцидентот во Охрид во кој беше претепан генералниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Според претседателот, станува збор за историски наративи или разбирање на односите меѓу нашата држава и Бугарија.

-Станува збор за историски наратив или разбирање на односите меѓу Македонија и Бугарија кое датира од 60 години на минатиот век. Тоа е влезено во главите на многу бугарски генерации и политичари, а има и кај нас таков наратив, низ такво светло и призма да ги гледаме македонско-бугарските односи. Од тоа не можеме да побегнеме бидејќи тоа се опашки кои се влечат и веројатно ќе се влечат децении и децении после нас, смета Пендаровски.

Втората причина според претседателот, се повторно закажаните избори во Бугарија за 2 април, кога, како што рече, секој од овие помали политички субјекти се обидуваат да капитализираат на вакви инциденти, бидејќи тие немаат друга политичка агенда.

-Ова им е единствена храна со која се хранат и само со таква радикална агенда можат да добијат едно или две места во бугарскиот Парламент. Со злоупотреба и политизација на овој случај можеби ќе успеат, додава Пендаровски.

Инаку, Бугарија деновиве го повлече својот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје на консултации во Софија.

-Бугарскиот амбасадор замина заедно со дечкото кој го однесоа на лекување во Софија. Подоцна ја кажаа таа квалификација дека ќе остане извесен период на консултации. Значи, не е повикан на консултации по два или три дена, туку истиот ден, но неспорно е останат за консултации, рече Пендаровски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

СЕ ЧЕКА СЗО ДА ПРЕСЕЧЕ – светот пред нова одлука во врска со вонредната коронавирус ситуација, во понеделник веќе сè ќе се знае!

Следно

Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

Latest from Blog

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop