Пендаровски: Ме иритира тоа што нема никој да одговара за прислушувањето, и јас бев една од жртвите

October 19, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски во „Клик Плус“ на ТВ21 кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот, коментираше за застарувањето на делото за прислушување.

Претседателот кажа дека е иритиран од фактот што делото е застарено и дека никој нема да одговара за прислушувањето, во кое и самиот Пендаровски бил еден од прислушуваните во тој период.

реклама

„Жалосно. Апсолутно ме иритира тоа што нема никој да одговара за прислушувањето, веројатно само за уништувањето на опремата. И јас бев една од жртвите на прислушувањето. Во некои ситуации постои спрега да се забошоти еден случај. Вие имате екстремни случаи кога имаме два дена пред пресудата еден од судските поротници оди на пензија, и се враќаме на почеток на предметот… И демек никој не знаел за тоа“, рече Пендаровски.

Целото интервју со претседателот гледајте го вечерва во 21:30 на ТВ21.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Велеа дека кривичниот законик бил за Груевски да се врати, по еден месец никаде не го гледаме Груевски

Следно

„Уставните измени нема да се случат! Не може од небо да паднат осум луѓе и да променат страна“, вели Пендаровски во „Клик Плус“

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop