Пендаровски ги прими лауреатот, добитниците на награди и организаторите на 62. издание на Струшките вечери на поезијата

August 27, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, академикот Влада Урошевиќ директорот на Струшките вечери на поезијата Тодорче Тасевски, претседателката на управниот одбор на фестивалот,  Елизабета Шелева, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, Димитар Башески и добитник на наградата „Мостови на Струга“ на УНЕСКО за дебитантска книга, Гавин Бредли.

Честитајќи му на Урошевиќ за наградата „Златен венец“, претседателот истакна дека му претставува посебна гордост, што годинава,  еден од најпознатите македонски книжевни и културни дејци е носител на ова најзначајно меѓународно признание во светот на поезијата.

Дебитантското дело на Влада Урошевиќ е збирката песни „Еден друг град“ во 1959 година. Покрај неколку десетици поетски дела, тој пишувал и проза, односно романи, збирки раскази, есеи и критики. Дел од поезијата на Влада Урошевиќ е преведена на српски, словенечки, бугарски, француски, руски, шпански, италијански и на англиски јазик. Урошевиќ е автор и на низа преводи од француската поезија.

На средбата,  Претседателот упати честитки за организацијата на уште едно успешно издание на фестивалот, потенцирајќи дека Струшките вечери на поезијата се триумф на македонската култура и традиција кои истовремено го збогатуваат светскиот културен простор и дека нашата држава е горда што е домаќин на еден од најстарите поетски фестивали со препознатлив идентитет во светот. Претседателот им честиташе на поетите за освоените награди оценувајќи ги како признание за нивната поетска и литературна дејност.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВЛАДА УРОШЕВИЌ Е ЛИК-ЛАВИРИНТ – СО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ ЗАВРШУВААТ 62. СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

Следно

Во лукративниот свет на факт-чекерите

Latest from Blog

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop